Одземана лиценцата на брокерското друштво ВИАСС Скопје - Bits of insurance

Одземана лиценцата на брокерското друштво ВИАСС Скопје

Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седницата одржана на ден 14 мај, 2018 година донесе Решение за одземање на дозволата за вршење на осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското акционерско друштво ВИАСС Скопје.

 

Брокерстото друштво остварило 3,446,000 денари бруто полисирана премија во текот на првите три квартали од 2017 година. Доколку го споредиме резултатот со 2010 година кога ВИАСС имале 8,094 договори и биле трето брокерско друштво по број на договори и шесто по бруто полисирана премија 29,717,000 јасно ни е дека на друштвото било тргнато во надолна насока.

ВИАСС е запишан во Централниот регистар на Република Македонија со ЕМБС 5777291 и ЕДБ 4028003134322, има седиште во Т.Ц. Палома Бјанка.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: