Вашите податоци за осигурување се јавни? - Bits of insurance

Вашите податоци за осигурување се јавни?

Маријан Чуркович се жали како пред неколку години телефонски го вознемирувале претставници на неколку осигурителни компании нудејќи му договор за осигурување од авто одговорност со поголеми привилегии, односно поповолен од тие на конкуренцијата. Услугата која му ја нуделе е прифаќање на бонус попустот иако немал право на тоа затоа што имал сообраќајка таа година. Еден период вознемирувањата стивнале, но пред недела дена добил писмо од три осигурителни компании, кои имале информации дека му истекува договорот од авто осигурувањето, иако со години се осигурува само во една осигурителна компанија. Во трите писма имало поволности кои беа во негова корист, но Маријан се осигурува само во една осигурителна компанија. Причината за револт и збунетост е како три осигурителни компании имаат информации дека му истекува осигурувањето. Од каде кога со години се осигурува во една осигурителна компанија?

Да примите дури три писма за склучување на договор непосредно пред истек на вашиот, тоа значи дека трите осигурителни компании имаат податоци за осигуреникот (адреса) и податоци за неговото возило (регистрација, јачина на моторот, марка на колата…). Тој кај кој лицето е осигурено ги има неговите податоци од полисата за осигурување и веројатно осигуреникот им дал согласност да ги користат неговите податоци од полисата за обновување договори и да му стигаат информации за новите производи и услуги кои компанијата ги нуди. Другите осигурителни компании тие податоци ги добиваат на нелегален начин, изворите како се дошло до тие податоци околу возилото, подобро да не навлегуваме и да ги бараме.

Ова е проблем секаде во светот, најскапи информации ти тие кои се лични и од кои некој има корист. Поради тоа низ Европската унија се воведува законот за заштита на лични податоци  ГДПР  кој стапи на сила на 15.05. Останува да видиме дали ќе се почитува законот и дали ќе најдат нов начин низ кој ќе протечат информациите кои им се потребни на компаниите.