План за исхрана покриен од здраственото осигурување - Bits of insurance

План за исхрана покриен од здраственото осигурување

Кристина Богнет ја предложи идејата за персонaлизирано планирање на оброците во 2012 година, таа им кажа на потенцијалните инвеститори дека еден ден, услугите на оваа компанија ќе имаат здраствено осигурително покритие.

Годинава, нејзината компанија – PlateJoy, го исполнија своето ветување. При крајот на февруари, PlateJoy издаде план за исхрана наменет за превенција на дијабетесот. Истиот беше покриен од пет Blue Cross Blue Shield здраствено – осигурителни планови, а едновремено и од компаниите Kroger, Dignity Health и Express Scripts.

Сепак, PlateJoy не претставува компанија што испорачува состојки за подготовка на оброци. Наместо тоа, PlateJoy детализира оброци за своите корисници, прилагодувајќи ги рецептите кон нивните сопствени преференци (на пример храна без глутен или палео исхрана), животни цели (на пример губење тежина) како и количина на слободно време за готвење. Потрошувачите, од друга страна, ќе треба да ги купуваат намирниците самите или пак да платат повеќе за да нарачаат сé што им е потребно преку услуга за достава на намирници наречена Instacart. Без достава на храна, претплатниците на PlateJoy ќе плаќаат 14 долари по месец, 69 долари за шестмесечен план или 99 долари за дванаесетмесечен план.

Потрошувачите кои имаат осигурително покритие не плаќаат ништо од својот сопствен џеб. Тие обично дознаваат за оваа програма преку нивниот вработувач, па пристапуваат кон решавање на краток квиз на интернет страницата на PlateJoy кој ќе им открие дали се квалификуваат како соодветни кандидати за превенција од дијабетес. PlateJoy, понатаму, им доставува извештаи на осигурувачите или вработувачите кога корисниците на нивната програма ќе достигнат некоја здраствена цел, како на пример губење на одреден процент на телесна тежина.

Според податоците од Центарот за контрола на болести и превенција, во 2015 година, дијабетесот претставуваше седма водечка причина која предизвикува смртност во САД. Повеќе од 84 милиони Американци, или поточно, едно од три возрасни лица, имало покачено ниво на шеќер во крвта, што од своја страна се квалификува како рана фаза на дијабетес.

Но, според истражувањата, доколку се направат позитивни интервенции во животниот стил, физичката активност и планот на исхрана, за неверојатни 60{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} ќе се намали и можноста болеста да напредува во тип 2 дијабетес.

Целта на PlateJoy беше да се насочи фокусот кон дијабетесот, како застрашувачка болест, за која здраственото осигурување ќе мора да им плати на осигурениците план за исхрана и превенција. Така, оваа компанија достигна 2,7 милиони долари, од кои најголемиот дел од 1,7 милиони долари потекнуваат од првата рунда на капитално финансирање што се случи во април 2015 година.

Останатите компании за потрошувачки кошнички, некогашни миленици на силиконската долина, отпаднаа од игра. Blue Apron, која беше проценета на 2 билиони долари, во јуни 2017 излезе во јавноста со 10 долари по акција и изгуби 80{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од својата вредност. Друга слична компанија, Plated, беше продадена на фармацевтскиот синџир Albertsons во септември.

„Компаниите за достава на кошничка од намирници им помагаат на луѓето да го олеснат готвењето дома, што е одлично, меѓутоа тие не се осврнуваат на вистинската реалност дека луѓето имаат различни вкусови, исхрана и распоред“, рече Богнет.

PlateJoy планот за превенција од дијабетес вклучува Fitbit, безжична скала и неделни видео лекции од експерти, покрај базичната услуга за планирање на оброци.

Четириест и двегодишната Марџи Старки која живее во Калифорнија имаше гестациски дијабетес за време на двете свои бремености. Информирајќи се за планот за превенција на дијабетесот од нејзиниот осигурител, таа стана дел од програмата и оттогаш, изгуби 6 килограми. Според неа, најдобрата работа е што таа сега може да го прилагоди својот план според сопствените цели  и потреби.

Според Кристофер Гарднер, професор по медицина и нутриционистички експерт на Универзитетот Стендфорд, здраствените професионалци обраќаат многу мало внимание на исхраната. Тој рече дека прорамата на PlateJoy, која вклучува промена на целокупниот животен стил, е добра алатка, особено доколку е способна да ги убеди пациентите и осигурувачите да превенираат една опасна болест која може да потрае со години.

„Осигурителните компании може да заштедат билиони долари од дијабетични тврдења доколку успее да го реши проблемот со исхраната,“ рече Гарднер.

Богнет се заинтересирала за исхраната и здравјето додека студирала додипломски студии за невронаука на Масачусетскиот институт за технологија. Таа работела во здравствен консалтинг после колеџот и планирала да се запише во медицинско училиште, сé додека не слушнала од докторите дека исхраната е исто толку важна за здравјето на пациентите како што се лековите. Затоа таа одлучила да се фокусира на сопственото здравје, притоа губејќи 20 килограми од сопствената телесна тежина.

Таа гледа на PlateJoy како тренд во здравството, кој, исто така, има и реална финансиска смисла.

Истражувањата го проценуваат просечниот трошок за третман кај пациент со дијабетес во САД на повеќе од 85,000 долари. Богнет смета дека PlateJoy ги усогласува интересите на сите страни: Пациентите се поздрави за помал паричен износ, осигурениците штедат пари, а нејзината компанија профитира.

“Осигурителните компании се свесни дека има смисла да платат за превенција наместо лекување”, констатира Богнет.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: