Ќе останат ли брокерите во осигурувањето? - Bits of insurance

Ќе останат ли брокерите во осигурувањето?

“Врската помеѓу осигуреникот и потрошувачот се менува, што значи улогата на посредниците може да стане нерелевантна” – според Џорџ Рајт извршниот директор во Smart Communication. 

Автоматизацијата на процесите ги менуваат односите и очекувањата на потрошувачите, и отвараат можност осигурениците да се во директна комуникација со осигурителните компании и во ваква консталација улогата на брокерите е под закана од нивно исчезнување. Toys R US, Payless shoesource и десетици огромни ланци на продавници банкротираа во 2017 а причината е очигледна – Амазон и можностите што ги нудат дигиталните канали. 

“Повеќето брокери се прилично технички потковани и иновативни во однос на она што го прават. Брокерите ќе ја подржат дигитализацијата – бидејќи знаат дека таа неизбежно доаѓа”, додава Џорџ Рајт за Insurance Business Mag. 

Во Македонија во минатата година имавме пораст на севкупното брокерско портфолио, но исто така и пораст на полисите продадени преку дигитални канали. Кај нас сеуште немаме брокер кој што нуди дигитален начин на завршување на обврските и прашање на време е кога брзорастечката понуда на дигиталните канали ќе ја загрози брокерската заработка. 

Што се однесува за осигурителната индустрија, истражувањето покажува дека различни сегменти на потрошувачи и демографија бараат различни стилови на комуникација. 

“Дигитализацијата навистина ги турка се повеќе големите организации за осигурување да се променат, и да се осигурат самите дека тие се способни да ги задржат сегашните и да добијат нови клиенти. Оние компании кои не се отворени да се променат, да се префрлат на каналите од новата генерација, кои не можат да бидат ефикасни и брзо да се движат со дигитализацијата и севкупната технологија, за десетина години нема да постојат.”додава Рајт. 

Денес е многу полесно за потрошувачите доколку не се задоволни, или мислат дека не ја добиле услугата која ја заслужуваат, да се префрлат во друго осигурително друштво. Затоа тука треба да бидат брокерите и навремено да им излезат во пресрет. Тоа овозможува т.н. брокеризација на дигиталните канали. За стратегии за подобра ретенција на купувачите во осигурувањето имавме подетален освт во претходните постови. 

По либерализацијата на пазарите во неколку земји од регионот како Унгарија дигиталните брокери превземаа огромно парче од вкупното портфолио во авто-одговорноста. Netrisk.hu водечкиот оналјн брокер во Унгарија очекува пораст од 23{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}. Тоа укажува на сериозен тренд кој што ќе следи и кај нас. 

Во Македонија иако Осигурителните компании согледуваат дека повеќето корисници ги пристапуваат нивните страници од мобилен телефон сепак постојат само 3 компании 

имаат мобилни апликации. Во промената ќе победи оној кој е побрз во следењето на корисничките потреби.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: