Виена Иншуренс Груп известува за подобрување на сите клучни бројки - Bits of insurance

Виена Иншуренс Груп известува за подобрување на сите клучни бројки

Виена Иншуренс Груп известува за понатамошните подобрувања на сите клучни бројки во првиот квартал на 2018 година во споредба со истиот период минатата година. “Успеавме во нашата цел на постигнување на одржлив развој. Ова е исклучително важно во време на економски раст во Централна и Источна Европа. Нашата долгорочна деловна стратегија се базира на користењето на синергии во нашите пазари со цел систематски да ја зајакнеменашата позиција на пазарот, зголемување на разновидноста и ефикасноста”, рече Елизабет Штадлер, претседател на Виенската група за осигурување.

Групацијата оствари 2,83 милијарди евра во премии во првиот квартал на 2018 година, што претставува зголемување од 3,9{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} во однос на претходната година. Овој резултат е се уште под влијание на падот на животното осигурувањесо еднократни премии, но кога тоа би се исклучило, зголемување на премиите би било задоволителни 7,1{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}.

Бруто добивката изнесувала 117.3 милиони евра, што е за 7.0{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} повеќе во однос на првиот квартал од 2017 година. Стратегијата за одржлив развој се рефлектира во постојано подобрување на комбинираните квоти, која повторно е подобрена за 0,7{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}, и сега е на 96.2 {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} во споредба со истиот период минатата година кога изнесуваше 96,9{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: