Слушнете ја берзата со Sound of Markets - нова македонска платформа - Bits of insurance

Слушнете ја берзата со Sound of Markets – нова македонска платформа

Екипата од Bits of Insurance стапи во контакт со Игор Јовчевски, кој е основач на Sound of Markets а воедно е и iOS девелоперот на платформата.

  • Од каде идејата за Sound of Markets, како ви текна за таков вид на представа на промените?

Идејата е од 2008 година, кога кратко време бев активен како тргувач на Forex берзата. Во 2011 почнав да работам на алгоритамот на Woowave (audio fingerprinting), што се користи во постпродукција.

  • Кажи ни нешто повеќе за платформата Sound of Markets? Колку берзи се опфатени со самата платформа?

Сега за сега се опфатени 16 Forex берзи, со план да се додадат повеќе, во прв план ни се додавање на криптовалутите. Со бесплатната верзија имате 3 бесплатни берзи а останатите ги добивате со премиум верзијата.

  • Апликацијата е целосно македонска дали има нешто слично надвор од Македонија и дали сте размислувале да го патентирате вашиот производ?

До сега нема ништо слично, нашата апликација исто така има професионален патент кој е направен во Patent Office UK. Отворени сме за инвеститори/партнери за подобрување на сонификацијата.

  • На кои платформи е достапна апликацијата, и дали планирате да ја направите и веб респонзивна?

Моментално сме присутни само на IOS. За скоро време ќе биде достапна и за Android. Nativ е 100{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}, така да Веб респонзивна нема потреба. Воедно не е ни возможно да се направи тоа.

  • Која е вашата цел, што сакате да ја остварите.

Прекини во системите за размена/ автоматизирана размена, откривање на нови индикатори врз основа на привремени промени, врски помеѓу пазарите. Доколку пронајдеме инвеститори би сакале да го интегрираме Woowave pattern recognition. Како стартап целта ни е да не пронајде инвеститор или брокер-ИТ провајдер како што се Bloomberg или Thompson Reuters.

Низ разговорот Игор ни напомена дека за развивање на платформата не се користеле јавни пари. Нивното мото е 100{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} passion, no subsidies.