Фонд за иновации: Побрзајте и аплицирајте - Bits of insurance

Фонд за иновации: Побрзајте и аплицирајте

Фондот за иновации и технолошки развој на 28.04.2018 година објавува Јавен повик за поднесување на предлог проекти за финансиска поддршка преку следниве инструменти за поддршка:

  1. Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“)
  2. Кофинансирани грантови за микро претпријатија
  3. Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста
  4. Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.                 

Апликантот што ќе аплицира за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“) има право паралелно да аплицира и за добивање на комбинирана финансиска поддршка, односно да аплицира и за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса на нововработени млади лица. Во таков случај, комбинираната финансиска поддршка што ќе ја даде Фондот на ист апликант за ист проект не може да го надмине највисокото ограничување што е применливо кај овие два инструменти.

За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од сто осумдесет и пет милиони денари.

Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 11.06.2018 година, до 23:59 часот.

Целиот повик погледнете го тука.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: