Совети пред склучувања на животно осигурување - Bits of insurance

Совети пред склучувања на животно осигурување

Неколку совети кои ќе ви бидат од корист пред склучување на животно осигурување:

1.Барајте да Ви се остави доволно време за детално да ги прочитате и потполно разберете условите за осигурување кои се составен дел од договорот на кој потпишувате.
2. Информирајте се за условите за откуп и износите на откупна вредност на полисата , пред да склучите договор за осигурување.
3. Информирајте се за ризиците кои се исклучени од договорот за осигурување ( самоубиство, смрт како последица на учество во воени операции…).

Прочитајте ги најчестите грешки при купување животно осигурување тука.

4. Одберете ја онаа форма на осигурување која одговара на вашите можности и потреби на подолг временски период.
5. Пред потпишување на договорот прашајте се што не разбирате или не Ви е јасно.
6. Побарајте стручна помош од професионално лице, при склучување на договор
7. Одговорете вистинито на прашањата околу здравствената состојба, кој се составен дел од полисата за животно осигурување!

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: