43-ТО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА ЗАВАРОВАЛНИЦА ТРИГЛАВ - Bits of insurance

43-ТО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА ЗАВАРОВАЛНИЦА ТРИГЛАВ

На 43-тото Собрание на акционери на Заваровалница Триглав, акционерите го поддржаа предлогот на Управата и Надзорниот одбор, дел од билансната добивка во висина од 56,8 милиони евра да се намени за дивиденда, односно 2,50 евра бруто по акција. Собранието на акционери запознато со годинишниот извештај за 2017 година, даде одобрување на работата на Надзорниот одбор и на Управата на друштвото за деловната 2017 година.

На Собранието на Заваровалница Триглав, акционерите го поддржаа предлогот на Управата и Надзорниот одбор на друштвото за распределба на добивката за 2017 година, за која Надзорниот одбор и Управата оценија дека овозможува да се задржи адекватноста на капиталот на Групацијата Триглав во согласност со политиката на управување со капиталот во Групацијата Триглав. За дивиденда одреден е дел од билансната добивка во висина од 56,8 милиони евра, односно 2,50 евра бруто по акција, што претставува 82{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од консолидираната чиста добивка на Групацијата Триглав за 2017 година.

Успешно работење на Групацијата Триглав во 2017 година.

Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав ги запознаа акционерите со Годишниот извештај на Групацијата Триглав и Заваровалница Триглав за деловната 2017 година. Во согласност со стратешките насоки Групацијата успешно ја зачува финансиската стабилност, високата адекватност на капиталот, профитабилноста на работењето и кредитните рејтинзи »A«.

Доследни по патот на стратешките насочувања

Собранието на акционери  даде одобрување на работењето на Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав за деловната 2017 година. Андреј Слапар, претседател на управата на Заваровалница Триглав, изјави: »Им благодарам на акционерите на искажаната доверба. Работењето на Групацијата Триглав во изминатата година беше добро и во согласност со стратегијата, и врз тој основ, земајќи ги во обѕир критериумите на обновената политика на управување со капиталот,  друштвото и оваа година ќе исплати атрактивна дивиденда. Задоволни сме со тримесечните резултати за оваа година и продолжуваме со успешно работење и развој на Групацијата Триглав во современа, иновативна и динамичка осигурително-финансиска групација, која цврсто останува на водечката позиција во Словенија и пошироко во регионот.“

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: