SorS: Интервју со генералниот секретар Филипович - Bits of insurance

SorS: Интервју со генералниот секретар Филипович

Екипата на Bits of Insurance стапи во контакт со господинот Златан Филипович, генерален секретар на конференцијата Sors.

 

  • Што претставува SorSза осигурителните компании од Адрија регионот?

SorSе конференција која треба да исполни неколку цели, примарна цел е информирање и анализа на случувањата во осигурувањето во регионот, другата е тематскиот дел, кој е насочен на одредување на темата на конференцијата. Така темата минатата година беше имплементација на прописите во  Солвентност II, а оваа година темата е едукација во осигурувањето. За време на конференцијата се издава и списание со трудови, а трудовите за списанието ги одбираат два професори. Следна цел се билатералните состаноци, односно на едно место се собираат не само регионалните компании за осигурување и реосигурување, туку и познати друштва од светот, освен регионалните брокери има и надвор од регионот, како и пропратни индустрии, како асистентски компании, ИТ компании и слично. Последниот ден од конференцијата традиционално се одржуваат две тркалезни маси, еден на темата авто одговорност, а другиот на темата реосигурување. Според обликот, големина и бројот на учесници SorS e единствена ваква конференција во регионот. Можноста за средба на голем број претставници на друштвата за осигурување, реосигурување, брокери и други компании е атрактивна можност која ја нуди SorS, а и сигурен сум дека на конференцијата се започнати многу пријателства, кои подоцна станале и партнерства.

  • Колку очекувате да има посети, од кои земји и индустрии?

Очекувам околу 170 учесници, од друштвата за осигурување, реосигурување, брокерски друштва, како и национални бироа за осигурување, Агенции за супервизија и осигурување, како и здруженија за осигурување. Освен од земјите од регионот, очекуваме гости и од Велика Британија, Германија, Франција, Шведска, Полска, Чешка, Унгарија, Кипар. ВО овој момент, поради стапување на сила на законот за заштита на лични податоци во ЕУ (GDPR) невозможно е да се дадат прецизни информации, но од наведените земји имавме учесници минатите изданија, тука исто така спаѓаат и Русија, Бахреин, Јужна Кореја, Италија но додека не почне конференцијата не смее да ги изјавиме личните податоци на гостите.

  • Овој состанок е регионален, колку има претставници од Македонија? Впечаток е дека на конференцијата нај инволвирани се Хрватски и Босански експерти?

Состанокот е регионален и темите ги одредува Собранието на здруженија на друштвата за осигурување SorS. Собранието е сочинето од претставници на водечките и истакнатите компании за осигурување и реосигување, како и неколку компании кои работат нешто блиску до осигурувањето, и тоа од Босна и Херцеговина, Црна гора, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, односно угледни стручњаци во областа осигурување. Здружението брои 29 членови. Бројот на претставници од Македонија кој учествуваат на конференцијата е околу десет, а понекогаш и повеќе. Гледано по бројот на друштвата тоа е од три до пет, секоја година различно, со по два брокери кои ќе се пријават, и секако тука е и Националното биро за осигурување во Македонија кое презентира за состојбата во Македонија. Ако ги рангираме според влијанието на конференцијата, тогаш можам да го изнесам мојот став дека најголем удел имаат стручњаците од развиените земји, од кои две се веќе во ЕУ, Словенија, Хрватска и Србија, а после нив доаѓаат Босна и Херцеговина, Македонија и Црна гора. Можам подетално да зборувам за Босна и Херцеговина, бидејќи во главно мојата компанија тука работи, и морам да ви кажам дека не е лесно да најдете добар говорник во друштвата за осигурување. Но, за квалитетна презентација, а поготово за објавување труд во зборникот, конференцијата е потполно отворена и ги повикува читателите од Македонија да ја пратат веб страната sors.ba доколку сакаат да се вклучат во некоја област.

  • Колку говорници ќе има на SorS?

Оваа година е предвидено да има 5 презентации за зададената тема од едукативниот дел т.е иако има повеќе автори, очекуваме 5 презентери. Потоа следат 6 говорници на темата пазарот за осигурување во регионот и во петок 8.6.2018 година два модератори за округли маси, значи вкупно 13.

  • Како ја одбравте овогодинешната тема за SorS?

Темата ја дефинира здружението, врз предлози и излагања на самите членови на здружението. Едукацијата во осигурувањето го сметаме за многу важно, затоа што в модерното време брзината на работење пополека не тера на нови знаења кои не се секогаш од областа. Едукацијата може да допринесе за развивање на производите,, на продажбата, подобар однос со осигурениците, подобро и побрзо решавање на штетите. Затоа се грижиме за едукативниот дел, се тоа е благодарение на големите компании како што се Swiss Re и Trust Re.

  • Кога прв пат се организира овој состанок се одржал во Сплит, после тоа се одржува само во Сараево, постои ли шанса да се организира и во Скопје.

Првата SorSконференција е организирана во Сплит, и оттогаш се одржува во Сараево, попрецизно кај планината Игман во Сараево.Со избивањето на војната во Хрватска а потоа и во Босна и Херцеговина SorSпрестана да се одржува се, но потоа е обновен и се одржува во градот кај што ќе се одржи и оваа година. Овогодинешното издание е 29-то. Местото на одржување на конференцијата го одредува Здружението SorS, и до сега немало идеа да се смени местото на одржување, но можноста постои. Скопје сигурно би била добра солуција, ако се одлучи промена на локацијата поготово поради тоа што името ќе остане непроменето, последната буква во името е во знак на градот во кој се одржува. Исто така секоја година се прават мини состаноци кои се одржуваат на различни локации. До сега Македонија била четири пати домаќин, трипати во Охрид и еднаш во Скопје.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: