SorS: Дел од говорниците и панелистите - Bits of insurance

SorS: Дел од говорниците и панелистите

Овогодинешната конференција SorS, која се одржува деновиве во Сараево ќе има шеснаесет говорници и панелисти. Говорниците се од осигурителната област. Од Македонија ќе има еден говорник – Извршниот директор на Триглав осигурувањеЃорѓе Војновиќ. Во статијата ќе се запознаеме со дел од нив. Запознавањето со говорниците и панелистите ќе го започнеме токму со него.

Прочитајте повеќе за SorS.

Ѓорѓе Војновиќ
Ѓорѓе Војновиќ

Ѓорѓе Војновиќ е роден во Скопје на 8-ми април 1971 година. Од малечок покажал интересен кон спортот а во 1991 година го носел националниот кошаркарски дрес. Напоредно со тоа дипломира на Факултетот за спорт и здравје, потоа продолжува на магистерски во Солун, отсек маркетинг. Освен спортист беше и директор на кошаркарската федерација на Македонија, генерален директор на Ми-Да. Во декември 2012 година именуван е за директор на Триглав осигурување АД Скопје, а во јули 2014 година преминува во животно осигурување Винер како претседател на управниот одбор. За во септември 2015 година повторно да се врати на позицијата директор во Триглав осигурување.

 

Златан Филиповиќ
Златан Филиповиќ

Златан Филиповиќ има дипломира на правниот факултет во Сараево. Поголем дел од неговата кариера се занимава со реосигурување. Во Босна реосигурување е од 1987 година, каде што ја започна кариерата како референт за реосигурување, продолжи како директор и извршен директор за реосигурување. Во 2014 година е именуван за директор на Босна Реосигурување. На економскиот факултет во Сараево е гостин предавач на областа осигурување и е автор на бројни статии во списанијата East European Insurance Report од Лондон, World Insurance Report од London, Euromoney International Reinsurance Review, Svijet osiguranja од Загреб и слично.Интервјуто за нашиот портал може да го прочитате тука.

 

Даниел Станко
Даниел Станко

Даниел Станко води тим за преземање на ризик од договорите кои доаѓаат од средна и источна Европа, југоисточна Европа, Русија… Даниел има 16 години искуство во областа на осигурување и реосигурување. Кариерата ја започна во Сава осигурување, потоа премина во Триглав Ре каде што работи 4 години, непосредно пред доаѓање на денешната позиција во Trust Re, Даниел има работено за повеќе пазари насекаде во светот. Даниел е полиглот, зборува течно англиски, српски и хрватски, солидно ги зборува францускиот и германскиот јазик.

 

Драгица Јанковиќ
Драгица Јанковиќ

Драгица Јанковиќ целиот работен век го посветила на осигурување. Член е на IOкомпанијата Дунав Осигурување од 2016 година и е одговорна за повеќе области меѓу кои:управување со ризици, штети, развој на производи, реосигурување… До 2016 година беше директор за актуарство и управување со ризици, директорка на експозитура, заменик директор, финансиски директор. Четири години беше предавач во Нови Сад за осигурување. Ментор е на пет специјалистички и повеќе дипломски работи. Има напишано голем број на стручни трудови во областа на осигурувањето. Главна и одговорна уредничка на списанието Токови осигурување(M53).

Златан Дељкиќ
Златан Дељкиќ

Златан Дељкиќ роден е на 02.08.1989 година во Зеница. Дипломира на економски факултет, на смер менаџмент на универзитетот во Зеница на кој моментално е на мастер студии. Пред да се вработи во ASAосигурување, работел во Natron-Hayatна позиција специјалист за тренинг и напредок на вработените. Во досегашната кариера се занимавал со стратешко планирање и зголемување на перформансот на вработените.

 

 

Мира Кириџиќ-Буглер
Мира Кириџиќ-Буглер

Мира Кириџиќ-Буглер од 2011 година е запослена во компанијата Swiss Reкако одговорна за односи со клиенти и преземање на ризици за средна и источна Европа односно Австрија. Од 2009 до 2011 година работеше како одговорна за оделот за штети за средна и источна Европа, Австрија, Германија.

 

 

Следат објави за конференцијата, интервјуа, слики.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: