Директорот на Триглав - Војновиќ стана претседател на SorS - Bits of insurance

Директорот на Триглав – Војновиќ стана претседател на SorS

Денеска е значаен ден за македонското осигурување. Директорот на Триглав Македонија – Ѓорѓе Војновиќ во Сараево на 8-ми јуни стана претседател на регионалното здружение за осигурување и реосигурување SorS.

Ѓорѓе Војновиќ – од кошаркарски до осигурителен репрезентативец

Војновиќ има интересна кариера која започнува со репрезентативец во првата македонска кошаркарска репрезентација. Потоа од кошаркар станува директор на значајни друштва. Во осигурувањето влегува како директор на Винер а во моментов е директор на Триглав осигурување. Со почесната титула претседател на SorS тој ќе продолжи да ја претставува Македонија.

Триглав е водечка компанија во македонскиот осигурителен пазар и е една од двете македонски компании членки на SorS. Се надеваме дека по добивањето на мандат на раководител на нашиот претставник – Војновиќ бројот ќе се зголеми.

Што е SorS?

SorS претставува најголема и најпрестижна конференција за осигурување во регионот. На SorS учествуваат скоро сите големи осигурителни и реосигурителни компании од Словенија, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Кипар.

Покрај конференцијаta во 2019та година, нашиот претставник Војновиќ ќе раководи и со друштвото. Тоа има значаен импакт во развојот на осигурувањето во регионот. Какви се плановите и целите на господинот Војновиќ ќе може да прочитате во интервјуто кое ќе го објавиме наскоро.

Што се дискутираше на SorS оваа година?

Оваа година SorS беше фокусиран на значењето на образованието во осигурувањето. Оваа тема со презентации ја покрија универзитетски професори и менаџери во компаниите. Низ интересната дискусија се покажа дека дизајнирани програми за образование на продажните агенти може да придонесе до значително зголемување на продажбата на полиси. Особено интересно беше излагањето на Златан Делкиќ од ASA осигурување кој што раскажа за платформата која што ја поставиле во нивната компанија за обука и тестирање на продажните агенти. За тоа какви ефекти платформата врз продажната мрежа во ASA ќе пишуваме наскоро.

Мошне интересна беше и панел дискусијата која што беше посветена на сајбер ризиците. Беа дискутирани и начините на кои што осигурителните и реосигурителните компании во регионот ќе започнат да се приклучуваат во овој нов тип на осигурување. Во моментов Босна Ре има само една продадена полиса за сајбер ризик. Професорката од белградскиот универзитет – Јелена Кочовиќ праша – “Kако ќе го процениме ризикот на идните сајбер напади кога немаме минати податоци?” За ваквите математички проблеми разговаравме со претставници од еден од најголемите светски осигурители – Свис Ре, за што ќе пишуваме наскоро.

По неколкуте денови поминати на конференцијата, горди сме што Bits of Insurance е македонски медиумски покровител на настанот. Во следните денови ќе ги објавуваме бројните интервјуа и теми кои што ги подготвивме и научивме од конференцијата.

Подетално за  SorS можете да прочитате во нашата објава за настанот и интервјуто со генералниот секретар на SorS,господинот Златан Филипович.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: