Доколку планирате да одите на одмор со автомобил погледнете ги цените за зелен картон - Bits of insurance

Доколку планирате да одите на одмор со автомобил погледнете ги цените за зелен картон

Се приближува летото, доколку планирате да патувате надвор од нашите граници потребен ви е зелен картор.

Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од авто одговорност, полисата се издава од соодветна компанија, најчесто се прават во станиците за технички преглед. Зелениот картон е документ кој важи во сите земји во ЕУ.

Зелениот картон во повеќето земји е бесплатен односно се наплаќа во регуларната цена со вадење на авто полиса за осигурување. Во Македонија од самото осамостојување почна да се плаќа оделно од полисата за авто одговорност која мора да ја има секое возило. Тарифникот може да го погледнете подоле.

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 KW на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 KW за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 KW за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 KW e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, моторциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и автобусите е 17.222 денари.

 

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: