Интервју со генералниот директор на DDOR-Гиоргио Маркеџани - Bits of insurance

Интервју со генералниот директор на DDOR-Гиоргио Маркеџани

За време на конференцијата SorS се сретнавме со генералниот директор на осигуритлената компанија DDOR, за краткото време што го имавме успеавме да направиме кратко интервју кое може да го прочитате во продолжение.

  • Кој е Гиоргио Маркеџани, кажи ни нешто повеќе за себе.

    Ја сам претседател на извршниот одбор на DDOR осигурување во Нови Сад во Србија. Тука сум три години и доаѓам од Италија. DDOR осигурување е дел од групацијата Unipol која е најголема осигурувачка куќа во Италија. Каде што е прва осигурителна компанија во неживотно осигурување во Италија, а во животното осигуруваење е во првите пет. Од конференцијата во 2017 година па се до завршувањето на конференцијата сум претседател на здружението SorS, благодарение на тоа што DDOR е осигурителна куќа уште од времето на Југославија. Интересно е што јас сум Италијанец и не сум Југословен, но сум на овие позиции, но тоа не е случајно затоа што овој пазар е интернационален, многу компании во регионот се домашни но голем дел се интернационални компании.

Giorgio Marchegiani

  • Дали регионов е развиен? Има ли можности да се развие?

    Овој регион е ОК, не е развиен пазарот сеуште но пополека има раст. Некои земји се дел од ЕУ, но сите земји заедно имаат долг пат за да си помогнат меѓусебно, полесно е така затоа што имаат многу работи заеднички, законите, пазарот и култура за осигурување која сеуште не е развиена. Тоа е проблем, треба едукација, затоа овогодинешниот SorS е на таа тема, компаниите од регионот можат да комуцириаат и заедно да ги решаваат проблемите. Има два вида на едукација едниот дел е за вработените на компании а другиот е за тие кои го користат осигурувањето.

  • Колку има учесници на овогодинешната конференција SorS?

    Денес имаме околу 150 регистрирани партиципанти на конференцијата и секако плус членовите на SorS кои се 30. SorS постојано расте и останува да е најголемата конференција за осигурување во регионот.

    ddor

  • Има ли шанса DDOR да се прошири во Македонија?

    DDOR има тенденција да се шири во регионот, но веројатно овој раст ќе е под некои статистики. Кога ние го анализираме регионот, цел ни се поголемите пазари, како хрватски, Босна и Херцеговина, или маркет кој е помал по број на луѓе но со голем број на процент на осигурени луѓе како Словенија. Па мојот одговор е дека утре сигурно не би дошле во Македонија, но секако постои шанса да дојдеме. Ние сме многу задоволни од Србија и од тамошниот пазар. Добро е тоа што сите јазици се слични и каде и да одиш ќе може да се разбереш, софтверите, промотивни материјалите може да се користат секаде.

  • Првиот SorS беше во Сплит, од тогаш се организира во Сараево дали има шанси да се организира и во Македонија.

    Ова е тешко прашање но сепак ќе одговорам. SorS e здружение и нема некој што го поседува, па мислам дека се е на договор како “добри браќа” но со сигурност не може да е во New York или во Милано, сепак мора да е тука во регионот. Но мора да кажам дека пред оваа конференција, ние од здружението имавме состанок во Охрид каде што Извршниот директор на Триглав осигурување беше назначен за претседател, по завршување на конференцијата ќе биде на чело на здружението. Честопати состаноците кои ги правиме пред главната конференција се на различни страни но сепак главната некако традиционално се одржува во Сараево.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: