Јавен оглас за избор на двајца кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Македонија - Bits of insurance

Јавен оглас за избор на двајца кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Македонија

Врз основа на член 48 став 2, а во врска со член 49 став 3, член 50 и член 50-а од Законот за Народната банка на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18), Народната банка на Република Македонија распишува

 

ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на двајца кандидати за вицегувернери на

Народната банка на Република Македонија

 

1. Кандидатите за вицегувернери треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • да бидат лица државјани на Република Македонија и да имаат соодветна репутација;
  • да имаат најмалку високо образование240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование и соодветно професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото;
  • да не се должници во стечајна или ликвидациона постапка;
  • да не им е изречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност и
  • да не им е изречена споредна казна забрана за добивање дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, одземање на дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење дејност од областа на финансиите и банкарството.

2. За исполнување на горенаведените критериуми, кандидатите кон пријавата која е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Македонија потребно е да достават:

  • кратка биографија во која ќе бидат содржани податоци за претходното професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото;
  • потврда за државјанство издадена од надлежен орган на Рeпублика Македонија (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата);
  • диплома или уверение за завршено високо образование, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование;
  • изјава за исполнување на критериумот од точка 1 алинеја 3 (заверена кај овластено лице  нотар);
  • потврда од надлежен орган на Република Македонија за неизречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата);
  • изјава за исполнување на критериумот од точка 1 алинеја 5 (заверена кај овластено лице – нотар);

Сите потврди, дипломата или уверението за завршено високо образование, треба да бидат во оригинал или копија заверена кај овластено лице (нотар).

3. Рокот за доставување на пријави со потребните документи изнесува 30 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

4. Изборот на двајца кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Македонија ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

5. Ненавремената и некомплетна пријава и документација нема да бидат разгледувани.

6. Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија, Бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бр.1 – Скопје.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: