Блокчејн технологијата ќе го смени осигурувањето - Bits of insurance

Блокчејн технологијата ќе го смени осигурувањето

Непишан закон во интернет дискусиите е дека како што интернет дискусијата станува подолга, веројатноста да го прочитате зборот „блокчејн“ се приближува кон 100{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}.

Често објаснувањата за блокчејн се бледи и недоволно јасни: „блокчејн е иднината“, „блокчејн е технологијата која ќе ги уништи банките и осигурителните компании“, “Blockchain технологијата го освојува осигурувањето“. Но зошто? Што е толку специјално?

Наједноставно кажано блокчејн е нов тип на сметководство – тројната евиденција. Доколку до сега имавме само две колони во Т сметката – побарува и должи сега се воведува и трет јавен запис. Звучи премногу едноставно да биде револуционерно.
Иако зборот сметководство и револуција не звучат како зборови за во иста реченица сепак фактот што Bank of America, Mastercard, IBM, Dell истражуваат и патентираат на големо ни го укажува спротивното. Последен пат кога IT и бизнис професионалците беа толку возбудени ги добивме: интернетот, Гугл, Фејсбук и смартфоните. Вреди да ѕирнеме што се крие зад возбудата овој пат.

Што е блокчејн?

Блокчејн е технологија која со помош на криптографски методи овозможува децентрализирана организација на сервисите. Тоа подразбира дека ниту еден поединец, фирма или организација не ги спроведува сервисите туку тие стануваат јавни. Врзете појасите ќе објасниме сликовито:

Ако земеме централизирана организација на сервис како трансферот на ризик т.е. осигурување имаме странка што дава ризик и пари и странка која што ги прима т.е. осигурителната компанија. Доколку сакаме да си купиме осигурување, штом се одлучиме за која полиса и кои покритија, треба да го платиме.

Како ќе бидеме сигурни дека штом ги дадеме парите на брокерот дека истиот ги уплатил на осигурителната компанија? Како брокерот ќе биде сигурен дека ќе му ги исплатиме сите рати штом сме потпишале договор за купување на рати? Како сме сигурни дека компанијата ќе ни исплати пари доколку ни се оствари ризикот и пријавиме штета?

Решението за дел од овие проблеми се банките т.е. централните посредници кои водат сметка за регуларноста на нашите трансакции. Овој централен посредник не чини провизија со што се намалува профитот на сите наши зделки.
Замислете доколку би успеале да го направиме безбеден договорот без посредник за колку би се зголемил профитот во нашите компании. Само Мастеркард има промет од провизии над 12,5 милијарди долари во 2017. Што останува за прометот од останатите 15,000 банки и институции за наплата во светот? Доколку овие пари одат назад во компаниите кои што ги произведуваат основните производи/услуги би добиле далеку повеќе пари за нивен поголем и побрз развој.

Блокчејн технологијата го овозможува токму ова – правење на одредени работи кои веќе ги правиме со посредници (како вршење трансакции со помош на банка или Paypal), но без посредник кој би ги контролирал, надгледувал и вршел истите.

Како е тоа можно?

Да ја земеме за пример децентрализираната организација на вршење трансакции наречена Биткоин. Анонимниот иноватор на оваа електронска валута го има предложено следново револуционерно решение за ослободување од посредникот при вршење на трансакциите:

Во јавна електронска мрежа од корисници со свои трансакциски сметки, при вршење на одредена трансакција поединецот јавно им укажува на сите други во мрежата која трансакција сака да ја направи, истиот ја потпишува таа трансакција со криптогравски клуч кој е електронски поврзан со неговиот електронски фонд. Со тоа другите знаат дека тоа е валута од неговиот фонд. Бидејки истиот клуч-шифра може да се употреби повеќепати, потребно е да се изнајде начин некој да води сметка дека ова нема да се случи.

Решение? Централен посредник кој би го правел ова? Но така се враќаме на почетокот. Сепак некој мора да ја контролира валидноста на трансакцијата. Револуционерното децентрализирано решение е ова валидизирање да можат да го прават сите. Наместо централен посредник се создава пазар за посредници кој би ги проверувале клучевите од самите трансакции таканаречени „копачи“ или подобро кажано декодери на клучеви. Така третиот сметководствен запис е јавен запис на две анонимни странки кои сепак можат да се повикаат на него.

Она што е важно е дека постои нова дигитална технологија која овозможува вршење на безбедна размена на добра без посредник. И ова не значи само финансиска размена туку било каква размена на нешто што има вредност.

Како сево ова е релевантно за осигурителните компании?

Еден од можните начини на користење е размена на информации кои имаат вредност.
Информаци од вредност е голем дел од она што ја засега осигурителната индустрија. Сите кои се занимаваат со оваа дејност знаат за проблемите кои се јавуваат поради асиметрија на информациите кои ги има на двете страни. Клиентот може да манипулира со исказите за незгодите – да истите ги употребува во повеќе наврати кај различни компании.

Од друга страна постои недоверба кај клиентите дека деталните лични информации кои и се потребни на осигурителната компанија за да ги покрие ризиците на клиентот е можно да бидат злоупотребени.

Оваа меѓусебна недоверба ќе се намали со помош на танспарентноста која ја овозможува новата блокчејн технологија. При вршење на јавна блокчејн трансакција со вредносни информации, можноста да истата се изјавува неколкупати нема да постои поради тоа што истата јавно се верифицира од останатите во мрежата. Исто така можноста да персоналните информации на клиентот бидат злоупотребени исчезнува поради криптографскиот идентитет на клиентот. Дополнително при замена на компании клиентите безбедно би можеле да ги споделат потребните лични информации заедно со нивната историја на верификувани незгоди.

Сепак она што звучи најмногу револуционерно е т.н. P2P осигурување или на нашки осигурување меѓу другарчиња. Осигурувач веќе не мора да биде осигурителна компанија туку било кој што има средства кои што сака да ги оплоди и било кој што има ризик што сака да го отстапи. Потребна е централна структура која би ги проценувала ризиците и извидувале штетите. Стартапите на хоризонтот имаат интересни пристапи кон овие прашања. Наскоро тимот на bitsofinsurance ќе повеќе сподели детали за нај интересните.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: