Златан Дељкиќ: Едукација на агентите за 20{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} раст во продажбата - Bits of insurance

Златан Дељкиќ: Едукација на агентите за 20{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} раст во продажбата

Еден од говорниците на конференцијата SorS беше господинот Златан Дељкиќ, вработен како HR во осигурителната компанија АСА. За време на неговото излагање ни се виде интересна идеата и начинот на кој тие ги надоградуваат своите вработени. За што станува збор прочитајте во продолжение.

  • Кој е Златан Дељкиќ, од кога е во осигурувањето и која е неговата цел
    Роден сум во 1989 година во Зеница, каде завршив основно и средно музичко образование. Дипломирав на економскиот факултет во 2012 година и почнав да работам во Natron-Hayatnа. Бев специјалист за тренинг и развој на вработените. По три години поминати таму, се вработив како HR (Human resources) во АСА осигурување. Тука сум веќе 2 години. Генерално моите планови се да промовирам квалитетни HR процеси во сите компании со кои што соработувам. Но визијата ми е и на ниво на државата да ја сфатиме важноста на тоа дека HR не е само една функција туку дека кадровската политика е клучна за развојот во компаниите и директно придонесуваат за поголем приход и профит.

Zlatan-Deljkić

  • На презентацијата кажавте дека имате своја академија. Која беше целта да го направите тоа?
    Ние размислувавме како да го стандардизираме процесот на образование, односно да им овозможиме на сите продавачи пристап до сите компаниски знаења. Размислувавме како да го направиме тоа и дојдовме до идеа да направиме сопствена платформа за учење. Сите потребни работи кои треба да ги има еден продавач да ги чуваме на едно место, каде ние почнавме да ја развиваме нашата платформа и сето тоа траеше околу 4 месеци. До сега имаме снимено над 80 видео предавања. Сите експерти во компанијата прават предавања за својата област. Целиот материјал е на разбирливо ниво за секого. За завршување на еден курс секој вработен мора да помине 4 модули. Со поминување на тие модули тој ги совладува сите потребни работи кои треба да ги знае за таа област и за крај полага тест каде што мора да освои повеќе од 80{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од одговорите за да добие сертификат за таа област.

ASA-Osiguranje

  • Каде сте во моментов на пазарот и дали оваа иницијатива ви помогна во растот?
    Моментално сме една од средните компании во Босна и Херцеговина но целиме да станеме меѓу првите 5 компании. Исто така ние сме најбрзо растечка компанија во последните години имаме годишно покачување на бруто премијата од 20{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}. Дефинитивно скокот се должи во голема мера на овие активности и зголемената доверба на клиентите во агентите кои што имаат поголеми знаења
  • Колку имате брокери, агенти кои се вклучени индикрено или дирекно во работењето на компанијата?
    Ние имаме 4 канали на продажба, имаме интерен, екстерен (агенции, брокери), корпоративен канал и банкарски канал. Најмногу вложуваме во интерниот каналот, тоа се нашите продавачи и за нивниот напредок најмногу се грижиме. Моментално имаме околу 70 продавачи, имаме 80-90 преку агенциите кои работат за нас, исто така банката АСА е составен дел од групацијата и таа е нашиот банкарски канал, а корпоративниот канал ја води корпоративната приказна. Нашата годишна премија е околу 27-28 милиона конвертибилни марки и очекуваме растот да продолжи.
Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: