Од што ве штити патничкото осигурување - Bits of insurance

Од што ве штити патничкото осигурување

Осигурителната компанија каде патникот ќе купи патничко осигурување им ги обезбедува следните услуги и покритија при патување и престој во странство во зависност од типот на осигурителната полиса :

Здравствена помош и осигурување ( Итен медицински третман, лекови, итен медицински превоз и хоспитализација, стоматолошки третман и сл.)

Осигурување од незгода (смрт од незгода, целосен траен инвалидитет (100{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}), делумен траен инвалидитет и сл.)

Осигурување на багаж и замена на патните документи (кражба, уништување на багаж, кражба на багаж од моторно возило, загуба на патни документи и сл.)

Помош при патување и осигурување (откажување на патување, правна помош и осигурување на правна заштита и сл.)

Цената на патничкото осигурување варира во зависност од времетраењето како и пакетот кој ќе го изберете за посигурно патување во странство.

Патничкото осигурување ги покрива деновите кога сте надвор од државата и може да се склучи во времетраење од еден ден па до една година. За лицата над 65 години, заради зголемениот ризик, најчесто се употребува двојна премиска стапка.

Постојат друштва кои нудат патничко осигурување за лица над 70 години, со повисоки премии, како и со ограничување патувањето да биде организирано преку туристичка агенција или, пак, да биде со пократок број денови на покритие.

Не заборавајте секогаш проверувајте полисата да ви е без франшиза, односно целиот износ да е покриен од осигурителната компанија. Честопати тоа осигурениците не го знаат и во случај на незгода до одредена сума сами си покриваат штета.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: