Агенциите од Србија нудат дополнителни денови одмор за иста сума - Bits of insurance

Агенциите од Србија нудат дополнителни денови одмор за иста сума

Се по актуелно меѓу граѓаните е тоа што туристичките агенции од Србија нудат поевтини аранжмани за одмор кај нашиот јужен сосед. И покрај тоа што голем дел од луѓето се одлучуваат на оваа солуција, Македонските туристички агенции не се осеќаат загроезено и не планираат да ги намалат цените на своите аранжмани.

Доколку сакате да патувате до Лефкада каде што за 7 дневно летување ќе треба да платите 180 евра од човек на почеток од сезоната. За слична или за малце поголема сума околу 190/200 евра ќе добиете 9 или 10 дена преку туристичка агенција од Србија, на истата локација во смештај кој е сличен на тој што би го добиле доколку патувате со туристичка агенција од Македонија.

Голем број на аранжмани се прават и преку online сајтовите како што се airbnb, booking.com, trivago. Иднината на туристичките агенции е под се поголема закана, мора да најдат нови модели на работа, нови маркетинг трикови како да останат конкурентни на пазарот и во чекор со развивање на технологијата.

Пред секое патување не заборавајте да извадите патничко осигурување, пред правењето на полисата не заборавајте да ги проверите условите под кои тоа важи и како треба да изреагирате во дадена ситуација. Исто така важна работа е да се провери дали осигурувањето е со франшиза или без т.е од која до која сума ќе покрие осигурителната компанија.

Доколку не извадите патничко осигурување треба да го знаете Марфиевиот закон кој гласи “кога нешто најмалце очекуваш да се случи, тоа ќе се случи”.

 

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: