Огромен број на Македонци паднаа на оваа измама - Bits of insurance

Огромен број на Македонци паднаа на оваа измама

Доколку сеуште немате купено карти за само еден долар не пропуштајте тоа да го нарпавите сега. Останати се уште малку!!!
Многу луѓе паднаа на финтата за 15-тиот роденден на Wizzair, секако дека не му е ни роденден на Wizzair но неинформираноста и наивноста го направи своето. 
Веб станицата http://wizzair.com-fly.net/ иако текстот на веб станицата е содржан текстот од официјалната страница wizzair.com сепак домејнот на оваа страница е com-fly.net, wizzair е субдомен на страницата.
Дека сајтот е лажен укажува и тоа што при секое обновување на сајтот бројот на останати карти се враќа на одредена бројка поголема од таа што била претходно.
Се појавија и слики при почетокот на промоцијата за грешка во самата објава.
Друг показател за лажноста на сајтот е тоа што компанија како Wizz ќе направи сајт кој не е со соодветна заштита т.е https.
Ова е добар трик за земање податоци на кредитните картички и за брза нивна употреба додека се свестите.
За да се заштитите од вакви трикови внимателно читајте ги имињата на страниците каде што ги оставате вашите податоци.
Со среќа летот. 🙂