Штетите од невремето достигнаа 5 милиони евра - Bits of insurance

Штетите од невремето достигнаа 5 милиони евра

Пет милиони евра, толку според првичната проценка на земјоделците изнесуваат штетите од минатонеделното невреме во Овчеполието. Земјоделците очекуваат обесштетување и апелираат државата итно да го врати системот на градобијни заштита.

silno-nevreme


Во Ново Село, беше закажана средба со претставници на локалните самоуправи од Велес, Свети Николе и Лозово.

– Ние очекуваме обесштетувања, но зависи како ќе го “прогласат” невремето. Штетата е направена, невремето е виша сила, а градобијни ракети нема што е најголема слабост и не треба ни секунда да се размислува за нивно враќање со оглед на новата технологија. Во Ново Село, на самото место ќе се видат штетите и ќе се договориме како и кога ќе биде проценката зашто еден сопственик може да има во повеќе општини. Исто така има и луѓе со по 700 – 800 хектари, изјави за МИА претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев.

Од невремето во средата најмногу настрадаа житните култури, лозјата, овошните насади и градинарството, но предизвикани се и материјални штети. Според Министерството за земјоделство, комисиите за проценка од локалните самоуправи се веќе формирани и вчера требаше да излезат на терен.
Силните врнежи проследени со град и грмежи зафатија околу 5.000 хектари површина, од Велешко Брдо до Црнилиште, Светиниколско.

Во една статија објавена неодамна зборевме за нов модел за осигурување во земјоделството. Проблемот со не осигурувањето на земјоделците е тоа што тие речиси и да не работат со добивка, колку вложуваат на крај толку и заработуваат. Иако има владини субвенции од 60{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} сепак голем број на земјоделци не ги осигуруваат своите земјишта од временски непогоди.

Министерот Николовски порачува сите земјопоседници да направат осигурување на земјиштето, со тоа ќе го помогнат буџетот на Р.Македонија бидејќи најголем дел од средствата се трошат за покривање на штетите. Со правењето полиса трошоците за покривање на штетите е на терет на осигурителната компанија.

Во Македонија иницијатива за ваков тип на осигурување започна Европа Ре во 2012 година. Годинава премиерот Зоран Заев се сретна со преставник на осигурителната компанија Европа Ре и останува да видиме каков ќе биде исходот од таа средба во престојниот период.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: