Кроација осигурување живот со голем раст - Bits of insurance

Кроација осигурување живот со голем раст

Најстарата македонска компанија за осигурување живот „Кроација осигурување живот“ лани ги зголеми приходите од работењето за 15,5 отсто односно за 1,56 милиони евра во однос на 2016 година. Според извештајот за ревизија може да се забележи дека вкупните приходи надминале 717 милиони денари. Тоа е показател за раст на свеста кај граѓаните за придобивките од животното осигурување.

Од достапните податоци може да се забележи дека растат приходите по двата основи. Односно се зголемуваат приходите од полиси за осигурување живот, но компанијата одлично управува и со финансиските средства кои ги има на располагање со цел оплодување на полисите и зголемување на нивната вредност. Од успешното работење со средствата тие остварите профит од  621 милиони денари односно 10 милиони евра. Тоа е за 71 милиони денари повеќе од 2016 година и тука растот изнесува 12,9 отсто. Зголемување има и кај приходите од вложувања. Тие пораснале за 26,6 милиони денари во однос на 2016 година односно за 38 отсто. Приходот од вложувања лани е 96,6 милиони денари, а го сочинуваат приходи од камати кои достигнале 77,3 милиони денари и приходи од курсни разлики кои достигнале 18,5 милиони денари.

Вкупните расходи од работењето на компанијата лани достигнале 683,9 милиони денари и пораснале за 87 милиони денари во однос на 2016 година.

Компанијата остварила добивка од 29,45 милиони денари во 2017 година и таа е за 8,5 милиони денари односно за 41 отсто поголема од 2016 година.