Стрелецот на победничкиот гол на финалето од светското првенство во Бразил, Марио Гетце, беше приморан да ја откаже забавата по повод неговото стапување во брак. Прославата била закажана за 18ти јули, на Мајорка. Кога Геце ја закажал забавата планирал дека на таа дата ќе биде на одмор после светското првенство во Русија. Меѓутоа, по слабата сезона во Борусија Дортмунд, Геце не се најде на списокот на селекторот и затоа ќе мора да замине со екипата на Дортмунд, на турнејата во Азија.
Сепак, Геце предвремено се осигурал и потпишал договор за осигурување за својата венчавка, која го ослободува од пенали во случај истата да се откаже.
Сподели ја оваа објава
Коментари