Зошто е важен притисокот во гумите? - Bits of insurance

Зошто е важен притисокот во гумите?

Од соодветниот притисок во гумите зависат и безбедноста и економичноста на вашето возило.

Притисокот во гумите и неговото редовно проверување е поважно одошто мислите. Тоа влијае врз многу нешта поврзани со ефикасноста и безбедноста на вашиот автомобил, но и со зачувување на животната средина. Прочитајте зошто гумите се толку важни и како воздушниот притисок влијае врз нив и врз вашето возење.

Зошто притисокот во гумите е толку важен?

Воздушниот притисок во гумите влијае врз одржување на гумите и безбедноста, но и врз потрошувачката на гориво, а со тоа и врз животната средина.

Доколку притисокот во гумите не е исправен, гумите нерамномерно носат.

Доколку гумите не се доволно напумпани, посилно се трошат надворешните рабови. Нагазната површина може да се одвои од подлогата и со текот на времето да се искине.

Дури ни премногу висок притисок не е во ред, бидејќи посилно се  троши пред сѐ средишниот дел на нагазната површина. Гумата поради висок притисок е чувствителна на препреките на патот и може лесно да се скине и да пукне.

Трошењето на гумите во секој случај е зголемено, што води кон прерано купување на нови гуми и кон дополнителни трошоци, зашто со високиот притисок и деловите на шасијата се пооптоварени отколку што треба.

Внимание кај поголемите брзини

Последиците од неправилниот притисок во гумите се уште подрастични кај поголемите брзини. На брзина од 120 км/ч гумите се трошат двапати побрзо отколку кај брзините помеѓу 70 и 80 км/ч.

Доколку притисокот во гумите на поголемите брзини е понизок за 20 {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}, трошењето на гумите може да се зголеми за дури 30 {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}.

Премногу нискиот воздушен притисок во гумите влијае врз цврстината на бочните површини, кои во краен случај можат да се скинат, а најизложени се на оштетувања при возење по макадам или при качување на тротоари и други издигнати места. Поголема е можноста и за оштетување на фелните.

Недоволно напумпаните гуми имаат и поголем отпор на вртење, што значи дека за нивно вртење се користи повеќе енергија. Како резултат на тоа, потрошувачката на гориво е поголема, а поголеми се и емисиите на штетни гасови што се испуштаат во животната средина.

Колку често треба да се проверува притисокот во гумите?

Во Европската Унија, во ноември 2012 година, беше издадена наредба сите нови автомобили да бидат опремени со систем за контрола на воздушниот притисок во гумите, означени со кратенката ТРМС. Овој систем во 2014 година навистина стана задолжителен.

Доколку во својот автомобил го имате вградено овој систем, автомобилот ќе ве предупредува за неправилниот притисок во гумите. Но во повеќето од старите автомобили го нема овој систем. Во тој случај ќе морате сами да го проверувате притисокот во гумите, за да знаете дали е исправен.

Правете го тоа барем еднаш месечно, нема да ви штети и доколку го проверувате почесто, пред сѐ доколку многу возите во лето, кога поради жештината на воздухот гумите го губат воздухот во однос на зимските месеци.

Проверувајте го притисокот секогаш кога ќе тргнувате на одмор или на подолг пат, кога во автомобилот се возат повеќе луѓе со многу багаж, бидејќи тогаш задните гуми се пооптоварени.

Каков мора да биде воздушниот притисок во гумите на автомоилот?

Онаков каков што ќе одреди произведувачот. Притисокот не зависи од типот или големината на пневматикот, туку од секој поединечен автомобил.

Податоци за правилен притисок обично се наоѓаат на дното на централниот покривен столб (кога ќе ја отворите вратата) или во упатствата за употреба. Понекогаш може да најдете и налепница пред совозачот, кај отворот за полнење на гориво, под поклопката на моторот и на други места.

Внимателно прочитајте ги предупредувањата, бидејќи притисокот во задните и предните гуми мора да се разликува. Тој зависи и од оптовареноста на автомобилот.

Во текот на проверување на притисокот, почитувајте ги следните правила:

  • Притисокот во гумите се проверува кога гумите се ладни. Притисокот расте со зголемувањто на температурата на воздухот во гумите. Фелните и гумите во текот на возењето премногу се загреваат, а истовремено и притисокот во нив расте. Доколку пумпате загреани пневматици, на пропишаниот притисок додајте 0,2 до 0,3 бари.
  • Притисокот проверувајте го на сите гуми, дури и на резервната, доколку ја имате, бидејќи денес сѐ повеќе автомобили се опремени само со комплетот за итни поправки.
  • Кога го проверувате притисокот во гумите, во исто време прецизно следете колку се гумите оптоварени  и дали можеби имаат пукнатини, засеци и други знаци на предупредување кои укажуваат на можни проблеми. Добро би било да ги отстраните што побрзо.

Автор: Петер Кавчич
Уредник за мотоциклизам во магазинот www.moto-magazin.si и уредник на специолниот интернет мото медиа www.moto-magazin.si.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: