Внимание нова измама со картички! - Bits of insurance

Внимание нова измама со картички!

Неодамна пишувавме за измама во која што наводно Wizzair доделува летови за 1$. Хакери бараа податоци од кредитна картичка на страница со логото на авио-компанијата и ветуваа незаборавен одмор.

Вака приближно изгледа сликата на измамените:

wizzair измама

Изгледа незаборавно нели?

Во меѓувреме се појавија и нови жртви на сајбер криминалот наречен рибарење на податоци преку реклами за ‘наградни игри’. Во новата измама се работи за анкета на Firefox во која што како благодарност за одговорени прашања добивате смартфон Самсунг кој вреди стотици долари за цена од само 1$. Се што треба да направите е да оставите податоци од вашата картичка. Останатото е на брзината на хакерите да ви ја испразнат картичката и да ја остават желбата за добар телефон неостварена.

Иако измамата е стара сепак добивме дојави од банките во Македонија дека е сеуште актуелна и дека постојат измамени случаи во изминатиот месец. Мозила фондацијата секако се огради од измамата.

Дали рибарењето ги избегнува технички спремните во Македонија?

Иако паднаа доста шеги на сметка на измамените во минативе недели дека рибарењето е сериозен проблем ни покажува и истражувањето на ФИНКИ. Дека технички писмени луѓе лесно паѓаат на ваквите техники докажа и неодамнешното истражување кога студенти на ФИНКИ изработија лажна страна на која што прибираа податоци од своите колеги. Иако студентите на ФИНКИ добро знаат што е сајбер безбедност, сеак поради немарност многумина потфлија.

Која е првата точка за проверка од измама пред да ги оставите податоците?

Совет од bitsofinsurance e особено внимателно треба да се гледа domain-от т.е. адресата на самата страна од која што е пуштена објавата. Доколку објавата доаѓа од Mozilla.org/ или Wizzair.com тогаш можеме да знаеме дека e легитимнa.

Не е проблем доколку има одреден sub-domain т.е. представка ads.wizzair.com меѓутоа доколку после wizzair.com имаме невобичаена комбинација како http://wizzair.com-fly.net/ тогаш знаеме дека станува збор за измама. Во оваа адреса wizzair е представка а главната адреаса т.е. домејн името е com-fly.net

Секој сопственик на веб страница може да направи каква сака представка на својата страница. Па така нам воопшто не ни преставува проблем да направиме wizzar.bitsofinsurance.com

За да се заштитите треба да ја дочитате адресата целостно пред да ја оставите својата картичка.

Дали оваа серија на измами ќе влијае далекусежно во е-трговијата?

Една од поголемите пречки според здружението за е-трговија зошто македонците стравуваат да пазарат на интернетот е немањето доверба. Дури 16{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од македонците се изјасниле дека стравуваат за безбеноста на трансакцијата и можностите за измама.

Нодамнешните измами нажалост дополнитено ќе ја зголемат недовербата. Да се надеваме дека таа ќе опадне кога ќе дојдат платежни можности кои гарантираат поврат на средства при измама. Сепак македонската иницијатива за носење на paypal и strie е сеуште далеку од целта.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: