Агенцијата за Супервизија пред законски промени - Bits of insurance

Агенцијата за Супервизија пред законски промени

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) ќе го направи поригорозен начинот на тестирање на актуарите. Ова е главната промена која што се подготвува во промените во законот за супервизија. Нацрт предлогот е изготвен од Министерството за финансии. АСО ја смета актуарската професија за многу важна па поради тоа во февруари беше организирана и конференција за актуарство.

“Досегашниот начин на спроведување на испитот преку електронски тест на компјутер не е соодветен. Критериумите за соодветност на акционерите и членовите на органите на управување на осигурителните друштва не се во сооднос со меѓународните стандарди и практики.” за akademik.mk образложил анонимен извор од Министерството за финансии.

Дополнителна супервизија и во управувањето на компаниите

Дополнително со промените на законот се зголемуваат и критериумите за соодветност на акционерите. Под лупа ќе бидат и членовите на органите на управување на осигурителните друштва.

Со Законот за супервизија на осигурување се уредуваат условите под кои можат да се вршат работи на осигурување на живот, неживотно осигурување и реосигурување, работи на застапување во осигурувањето, осигурително брокерски работи, основање, работење, супервизија и престанок со работа на трговските друштва за осигурување и реосигурување.

Промената на законот за е позитивна но потребно е и доекипирање

Управувачкиот одбор на Агенцијата за супервизија во осигурувањето во моментов не е во полн состав. Ова преставува проблем за Агенцијата да функционира во полна пареа. Во моментов македонското осигурување се соочува со големи предизвици во однос на воведувањето на Solvency II и GDPR. Овие европски регулативи предизвикуваат проблеми кои тропаат на вратите на неколку компании.

Навистина е важно испразнетите места во Агенцијата да се пополнат со експертски кадар кој што ќе знае го придвижи осигурувањето кон успешно решавање на овие предизвици.

Во меѓувреме bitsofinsurance ќе продолжи да ја истражува темата. Очекувајте коментари од Агенцијата за супервизија во осигурувањето и Министерството за финасии во нашиот следен пост на темата.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: