Инвестициски фондови - остварени резултати - Bits of insurance

Инвестициски фондови – остварени резултати

По првиот разговор со Јован Радановиќ од друштвото КБ Публикум Инвест АД Скопје ги начнавме нај базичните поими за Инвестициските Фондови. Во овој дел ќе ги опфатиме подетално секој од типовите на инвестициските фондови и остварените резултати по типови на инвестициски фонд во Македонија.

КБ Публикум

Ако може да ни објасните подетално за типовите на инвестициски фондови?

Пoстојат пoвеќе типoви на фoндови. Тие се разликуваат пo структурата на портфолиото т.е. вo што се инвестира – пo различни типoви на финансиски инструменти.

Паричните фондови претставуваат фондови сo најнизок ризик, меѓутоа и очекуваниот принос е помал. Ваквите карактеристики ги прават особено погодни за чување на средства на правните лица, кои од една страна овозможува ликвидност и сигурност на вложените средства, но истовремено нудат и атрактивен пазарен принос.

Конкретно во Паричниот фонд на КБ Публикум се вложува во краткорочни и долгорочни должнички хартии од вредност, во депозити кај овластени банки и други отворени инвестициски фондови со најниско ниво на ризик.

Обврзничките фондови најголем дел од портфолиото го вложуваат во државни и корпоративни обврзници. Ризикот по правило е понизок од акциските фондови, меѓутоа повисок споредено со паричните фондови.

Акциските фондови како што кажува името инвестираат во акции. Тие во споредба со останатите типови на фондови остваруваат повисоки приноси меѓутоа имаат и поголем ризик ( приносите се поваријабилни низ времето).

Конкретно фондот на КБ Публикум Инвест АД Скппје – МБИ 10 за период од 1 година (до 30.04.2018) оствари принос од 22,29 {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}.

За граѓаните од Македонија законски е забрането да инвестираат во акции надвор од Македонија, па затоа акциските фондови нудат можност на инвеститорите да се стекнат со сопственост во компании кои котираат надвор од Република Македонија.

Кои се резултатите кои ги имаат остварено фондовите во изминатата година, по тип на фонд?

Во табелите се прикажани остварените приноси и обемот на средства со кои управуваат фондовите на 30.04.2018 година (*податоците се од информативен карактер). Поделбата е направена според структурата на вложувањата на фондовите:

Парични фондови

Табела бр.1

Назив на инвестициски фонд Средства на инвеститорите (*ден) Цена на уделот Раст на цена на удел ( {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} )
3 месеци 6 месеци 1 година
КБ Публикум Паричен 2.466.384.663,00 123,544 0,56 1,17 2,38
КД Кеш Депозит 1.021.702.446,00 117,614 0,48 1 2,01
ВФП Кеш Депозит 537.380.374,00 110,9576 0,44 0,92 1,91
Илирика Кеш Фонд 178.588.916,00 1.157,1039 0,46 0,96 1,84

Извор: Македонска берза

Кај паричните фондови споредбата на приносите е наједноставна бидејќи структурата на вложувањата е многу слична. Најчесто кога се прави избор за вложување во овие фондови остварениот принос е примарен критериум при изборот на инвеститорите. Карактеристично за нив е можноста средствата да бидат повлечени брзо, без никакви трошоци и без да се изгуби акумулираниот принос што е голема предност споредено со стандардната пракса при предвремено разорочување на депозит.

Фондови кои вложуваат во обврзници

Табела бр.2

Назив на инвестициски фонд Средства на инвеститорите (*ден) Цена на уделот Раст на цена на удел ( {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} )
1 година 2 години 3 години
КБ Публикум – Обврзници 445.496.516,00 144,1733 -0,1 12,7 11,8
ВФП 100{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} БОНД 90.062.707,00 103,4872 2,5 / /

Извор: Македонска берза

Најчесто кај обвзничките фондови постојат влезни и/или излезни провизии поради самата структура на имотот. Препорачан период на вложување е над една година поради можните варијации во приносот на портфолиото. При споредба на остварените резултати треба да се има во предвид структурата на имотот на фондот од една страна и просечниот годишен принос во подолг временски период. Иако историските приноси не се индикатор за можните приноси во иднина, сепак тие се добар показател за конзистентноста на резултатите.

Акциски фондови

Табела бр.3

Назив на инвестициски фонд Средства на инвеститорите (*ден) Цена на уделот Раст на цена на удел ( {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} )
1 година 3 години 5 години
ВФП Премиум Инвест 605.410.731,00 110,9576 0,3 5,2 /
КБ Публикум-МБИ 10 180.698.305,00 122,0801 22,3 / /
КД Топ Брендови 89.591.983,87 118,0605 -0,3 5,4 /
Илирика Глoбал-Растечки пазари 64.782.405,50 66,0758 3,9 14,6 52,9
Иново Статус Акции 60.567.727,00 33,9961 8,1 15,8 24,1
Илирика Југoистoчна Европа 56.090.268,00 55,3603 18,9 37,3 28,1
КД БРИК 40.407.281,00 160,8553 5,7 -1 13,2
КД Нова ЕУ 24.968.472,00 119,8349 1,3 7,5 28,5

Извор: Македонска берза

Акциските фондови инвестираат во акции во компании и секој од нив има различна политика на инвестирање на средствата и затоа се најмалку споредливи. На пример, одредени фондови инвестираат само во Југо-источна Европа, одредени само во БРИК земјите додека други инвестираат само во топ брендови. Има и фондови кои следат пасивна стратегија. Таков е индексниот фонд МБИ10 кој го реплицира индексот на Македонската берза. Фондовите кои активно тргуваат на берза честопати може да имаат поголеми трансакциски трошци.

Комбиниран (мешан) фонд

Табела бр.4

Назив на инвестициски фонд Средства на инвеститорите (*ден) Цена на уделот Раст на цена на удел ( {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} )
1 година 3 години 5 години
КБ Публикум – Балансиран 337.975.700,00 150,5969 7,9 32,1 68,2

Извор: Македонска берза

Балансираниот фонд претставува комбиниран фонд и во својата структура содржи финансиски инструменти на сите типови горенаведени фондови. Ваквата структура овозможува да се оствари принос кој е повисок од обврзничките и паричните фондови на долг рок, а истовремено ризикот да биде понизок од акциските фондови. Во овој фонд се препорачува да се вложи подолгорочно, односно над 3 години.

Каде можат да се најдат информации за движењата на инвестициските фондови?

Подетални информации за фондовите може да се добијат на веб страните на друштвата кои управуваат со истите и на веб страната на Македонската берза.

Што би препорачале на инвеститорите при изборот на фондот?

Пред се, најважно е секој инвеститор да се информира за фондот преку Проспектот и Статутот, како и Извештаите на фондот (* истите може да ги најде на веб сајтот на друштвото). На тој начин ќе се запознае со сите потребни информации кои ќе му помогнат полесно да го избере фондот кој најмногу ќе одговара на неговите преференции во однос на приносот и ризикот.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: