Реакција која никого не остави рамнодушен - Bits of insurance

Реакција која никого не остави рамнодушен

На социјалните мрежи се појави фотографија од необична случка во една кинеска провинција која ги растажи срцата на корисниците ширум светот. На неа се гледа како трицикл кој врши достава удрил во задниот дел на скапиот Ролс Ројс.

кола

Овој инцидент се случил во градот Гуијанг во кинеската провинција Гуижу. Почетната цена на овој сакпоцен автомобил во Кина е 4.2 милиони јуани, па јасно е дека и најситните поправки се исклучително скапи.

А, според кинескиот закон оној кој ќе удри во задниот дел на друго возило автоматски е виновен за ударот.

Она што дополнително го загрижи возачот на трицикл е тоа што тој не е осигуран, ниту на лично ниту на ниво на компанијата, па мора да ја подмири штетата од сопствениот џеб.

Токму поради тоа фотографијата од трициклистот кој плаче после ударот го растажи и целиот свет, а со плаќањето на на штетата веројатно овој работник ќе банкротира.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: