Хрватска: Зголемен бројот на продадени автомобили - Bits of insurance

Хрватска: Зголемен бројот на продадени автомобили

Во првите пет месеци оваа година во Хрватска се продадени 29.643 нови патнички возила, тоа е за 17,2{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} повеќе за истиот период лани, додека само во мај се продадени 8.758 нови возила, 7,8{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} повеќе во однос на истиот месец минатата година.

Од почетокот на годината до крајот на мај највеќе се продадени Volkswagen (VW) автомобили односно 3.861 автомобил, потоа се продадени автомобили од марката Renault односно 3.198 автомобили, на третата позиција се наоѓаат автомобилите на Opel со 3.091 продадени автомобили. Во мај купувачите највеќе ги барале VW возилата и продадени се 1.212 автомобили, по нив се барани Renault автомобилите и се продаде 1.184 тој месец.

Во истиот месец патот до сопствениците го пронашле 714 Renault Clio, 368 Škoda Octavia, како и 349 Opel Astrа. Тоа се воедно напродаваните модели во мај, исто така и следниве автомобили се доста продави: Fiat 500 со 344 возила и Citroen C3 со 342 возила.