Винер Осигурување освои второ место во рамките на VIG Xelerate програмата - Bits of insurance

Винер Осигурување освои второ место во рамките на VIG Xelerate програмата

Водени од директивите на Vienna Insurance Group за дигитална трансформација на компаниите во рамките на целата групација, Винер Осигурување го прифати предизвикот на програмата VIG Xelerate и изработи бизнис план за софтверско решение кое ќе им понуди понапреден и истовремено безбеден, лесен и брз пристап на клиентите до услугите на компанијата. Носител и креатор на ова биснис решение е М-р Дејан Михајлов додека одговорна во делот на ИТ имплементација Г-ѓа Милка Џутеска-Митевска.

Горди сме што нашето иновативно решение во дигиталниот простор на групацијата беше позитивно поздравено како едно од најдобрите во рамките на VIG Xelerate програмата. Веруваме дека сме пионери во воведувањето на овој софтвер во Македонија, кој несомнено ќе го подобри искуството на клиентите. Наградата што ја добивме е само поголем поттик што побрзо да го имплементираме истиот во нашето работење и презентираме пред јавноста – изјави М-р Михајлов, член на Управниот одбор на Винер Осигурување.

Иницијативата Xelerate е дел од стратегиската визија на VIG за дигитален развој во компанијата која ќе ги подобри процесите, ќе ја зголеми достапноста и ќе го стави клиентот на прво место. Од сите пријавени членки на групацијата кои ги претставија своите идејни решенија пред Надзорниот Одбор на VIG, за својата иновација Винер Осигурување го освои второто место и од страна на членовите на Надзорниот одбор на VIG беше забележан квалитетот и иновативноста на софтверското решение и со тоа доби целосно финансирање на проектот од страна на групацијата.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: