{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}title{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sep{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sitename{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}

Словенците измислиja уред кој спасува животи

Словенците се најзрели за стартап-и, тие постојано се на Kickstarter, последни кои поставиле идеа се студентите од Факултетот за електротехника од Љубјана Жига Мрзликар и Антон Клемен. 

bebe vo kola

Тие го претставија уредот кој помага да се спречи топлински напади кај децата и животните кога се во автомобилите во летните месеци. Системот се состои од сензорни мерни уреди и апликација која преку порака го информира корисникот за температурата во возилото што овозможува лошото сценарија да се избегне, пишува Siol.net. Иноваторите планираат да соберат 50.000 евра за развој и продажба на производот. Почетната цена на “раната птица” е 100 евра.

Уредот функционирата така што ја прати внатрешната температура на возилото и доколку таа надмине препорачана граница тогаш уредот се поврзува со надворешни сензори и утврудва дали во колта се наоѓа живо суштество. Ако сензорот ги препознае, Alive на однапред впишаните броеви испраќа порака со предупредување, доколку не реагира сопственикот за одреден период, Alive испраќа пораки до брза помош.

Уредот доаѓа со сензорни и мобилна апликација која ви овозможува да го впишете бројот за добивање известувања и опис на автомобилот и прилагодување на одредени функции на уредот.

Особено е корисно во ситуации каде што поединецот не може за кратко да се врати кај своето возилото, па Alive праќа порака со опис на ситуацијата, автомобил и приближната локација за да се испратат на брзата помош доколку е потребно в.

Секоја година во САД од топлотен удар во автомобил во просек умираат 37 деца, и повеќе од илјада животни, Мрзликар и Клемен на веб страната на Alivea велат дека со технологијата која ја имаме денес нема потреба такви случаеви да се јавуваат.

Детскиот нервен систем се уште не е целосно развиен и не можат ефикасно да ја регулираат температурата на своето телото кое кај најмладите се загрева и до пет пати побрзо отколку што е случај кај возрасните и тоа може да доведе до оштетување на мозокот и срцето.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: