AXA склучи партнерство со ING Bank - Bits of insurance

AXA склучи партнерство со ING Bank

Акса склучи долгорочно партнерство во доменот на банкоосигурување со холандската ИНГ банка . Соработката ќе овозможи клиентите на ИНГ во земјите каде што има свои преставништва, да се осигураат преку нејзината дигитална осигурителна платформа.

Договорот значи заеднички напор и труд во развивање на индивидуални производи за осигурување и истите би биле достапни преку мобилната апликација ИНГ.

„Нашето партнерство со Акса дава важна димензија на амбиција да изградиме една платформа посветена на клиентите и место прилагодено за нивните финансиски потреби. Со можноста на индивидуалните осигурителни производи кои се неопходни за потребите на осигурениците ќе помогне да ги задржиме своите клиенти.“, изјави Ралф Хамерс, претседател на управата на ИНГ групацијата.  Соработката треба да ги соедини „водечките дигитални банкарски можности“ на ИНГ и „стручноста во осигурувањето“ на Акса, што ќе овозможи изработка на меѓународна платформа која ќе биде во взаемен интерес на компаниите а најголема корист ќе имаат крајните корисници.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: