Додека останатите патници и помагале на жената за да ја избвлече ногата , таа само ги молела да не викаат брза помош . На бутниот дел од ногата имала голема исеченица , низ која се гледала коската , многу крварела и трпела болки . Но , во целиот метеж само ги молела луѓето да не викаат итна помош зашто нема пари за да го покрие здравственото осигурување.

Сепак , патниците повикале итна помош , која дошла за десетина минути. ,,Како да не викнеме итна помош кога жената не можеше воопшто да се движи , не можеше ниту да се помрдне”, вели една од патничките.

Жената , како што јавуваат медиумите , била и оперирана , но не се соопштува на кој начин ја платила операцијата и превозот со итната помош , кој во САД дополнително се наплатува.

Превземено од Канал5.