{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}title{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sep{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sitename{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}

Нови колекционерски ковани пари

Народната банка на Република Македонија издаде и пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Рак”, „Лав” и „Девица” од серијата „Хороскопски знаци”.

kolekcionerski

„Рак” на аверсот на кованата пара во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Рак. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018″. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија” и „100 денари”.

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на рак од ѕвездениот атлас „Фирмаментум Собиесцианум” создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак рак и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак рак. Во долниот дел е претставена златна слика на рак, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – ЦАНЦЕР, а на левата страна, ознаката Аг925.

„Лав”, на аверсот во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Лав. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018″. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија” и „100 денари”.

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на лав од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum”, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак лав и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак лав. Во долниот дел е претставена златна слика на лав, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – LEO, а на десната страна, ознаката Аг925.

„Девица” на аверсот на парата во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Девица. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018″. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија” и „100 денари”.

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на девица од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum” создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак девица и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак девица. Во долниот дел е претставена златна слика на жена, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – ВИРГО, а на десната страна, ознаката Аг925.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од НБРМ се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: