{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}title{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sep{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sitename{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}

Победници на овогодинешниот ФинХакатон

Викендов се одржа ФинХакатонот кој беше организиран од министерството за финансии и од фонд за иновации и технолошки развој. На ФинХакатон учество земаа 6 тимови. Членовите на тимовите беа од најразлични возрасти, од средношколци па до учесници кои се вработени со години.

На хакатонот победија два тима. Тимот на Systems for Enterprise: Стефан Митевски, Ивана Ѓорѓиевска Стојановска, Иво Илоски и Георги Михаилов победи во две категории – игра и видео. Другиот тим составен од учесници кои се вработени во повеќе компании го сочинуваа Теди Пејовски, Елена Јовчевска, Каја Столеска, Александар Марковски, Александар Трпески победи во категоријата најдобра веб страница.

Коментарите на учесниците околу целокупната организација и ангажман на ФинХакатонот се позитивни. Ги охрабруваат институциите да продолжат со оваа практика во иднина, да го вклучуваат приватниот сектор во решавање на проблемите со кои се среќаваат. Со самото вклучување на приватниот сектор проблемите би се решиле многу по брзо и по ефективно бидејќи работата ќе биде поделена на повеќе компании.

Двата тима ќе работат на развој на финалните производи кои треба за скоро време да се достапни на граѓаните. Фондот за хакатонот кој изнесува еден ипол милион денари ќе биде поделен на двата тима во зависност од потребите кои ги имаат во реализација на своите продукти. Доколку се запрашувате кои се продуктите, истите ќе можете да ги погледнете подолу.

Целта на предизвикот кој траеше 48 часа во Министерството за финансии беше да се направат јавните финансии и Буџетот на Република Македонија подостапни за граѓаните преку идеи од самите граѓани.

Може да ја видите идеата за игра “Кој сака да биде министер?” и да го погледнете видеото во кое ќе се запознаете со Петар, карактер кој го искористи тимот од Systems for enterprise за да ја реализира својата идеа. Да напоменеме дека ова е само демо верзија која што ќе се доработи периодов.

Веб страната со која тимот го освои првото место во категоријата најдобар веб сајт може да ја погледнете на следниот линк.

Им честитаме уште еднаш на победниците и им посакуваме многу успеси во иднина, а на вас ви посакуваме среќа на патот до успешни министри.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: