{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}title{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sep{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sitename{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}

Ново осигурување за туристите во Хрватска

Во просториите на хрватскиот автомобилски клуб во Загреб се промовираше новиот производ наменет за возачи на моторни возила со странска регистрација за време на престојот во државата. Производот е наречен „Safely through Croatia – Roadside and Claims Handlung Assistance“. 

Производот е плод на заедничката работа на HAK usluga d.o.o. и партнерска компанија Odina Asistencija d.o.o од Осиек. Охрабрени од фактот дека во Хрватска  во текот на една година, поминуваат повеќе од 15 милиони возила. Во Хрватска се јавуваат секоја година околу 35.000 сообраќајни несреќи, во кои речиси 10{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од возачи на коли со странски регистарски таблички. Производот е наменет исклучиво за возачите на возилата со странски регистарски таблички во време (бизнис или туристички) на престој во Хрватска.

Тој им обезбедува на клиентите двојна помош преку пакет кој вклучува:

  1. Помош на патот – неисправност и / или транспорт на возила во случај на дефект,
  2. Превоз на стоки во случај на сообраќајна незгода,
  3. Чување на дефектното возило или оштетено од сообраќајот,
  4. Трошокот за наменското возило – патничко возило, или
  5. Сместување, или
  6. Продолжено патување со јавен превоз,
  7. Проверка на статусот на возилото додека се поправа

Во вториот дел на услугата се однесува на времето по сообраќајната несреќа, и вклучува:

  1. Увид на штетата, вклучено и дополнителен увид на другото оштетено возило од страна на проценител, заверување на штетата и изработка на пресметка колку би чинела штетата,
  2. Консултации околу штетата – заради надомест на штетата на возилото,
  3. Застапување во постапката за надомест на штетата на возилото кај осигурувачот,
  4. Добивање на службена документација потребна за да се добие надомест за штета на возилото,
  5. Превод на документи потребни за реализација на надомест на штета на возилото / ако оштетениот одлучи да продолжи во земјата во која живее.

Време на покритие е 18 дена, а цената на пакетот услуги е 375.00 куни (околу 50 евра), додека вредноста на потенцијалната помош е ограничени на 7,500.00 куни (околу 1.000 евра). Производот ќе се продаваат на веб-страната на ХАК, кај туристички агенцииж, и со текот на времето и во куќите кои се изнајмуваат, хотелите и апартмани. Новиот производ сигурно ќе ги покрие празнините кои се јавуваат во обезбедувањето на услуги за возачите, кои по дефект или сообраќајна несреќа се наоѓаат во екстремно стресна ситуација. Операторите на производите се искусни професионалци во обезбедувањето помош на патот (ХАК) и да помогнат во реализацијата на надомест на штета на возилото на одговорниот осигурител. Повеќе детали на http://www.safely-through-croatia.eu

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: