Листата должници до 30.06 кон УЈП - Bits of insurance

Листата должници до 30.06 кон УЈП

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.07/2018 за долгови доспеани до 31.03.2018 и неплатени до 30.06.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Интересен податок е тоа што на листата должници се јавуваат јавни и комунални претпријатија. На пример Македонска радиотелевизија должи 1.6 милиони евра, тука е и Комуналец од Гостивар, комуналното претпријатие од Тетово, Билјанини извори Охрид, … погледнете ја во продолжение целата должнички листа.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, нека се обратите до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: