Државни фирми кои 2017 година завршиле со загуба - Bits of insurance

Државни фирми кои 2017 година завршиле со загуба

Анализата на финансиските резултати на компаниите во државна сопственост што ја изработи Центарот за граѓански комуникации според податоците за 2017 година преземени од Централниот регистар покажува дека профит оствариле 86 државни фирми, додека загуба имало кај 36 државни претпријатија. Профитот изнесува 141 милиони евра додека загубите 30 милиони евра. Нето ефектот е позитивен и изнесува 111 милиони евра.

Компаниите во државна сопственост во текот на 2017 година инкасирале вкупно 791,4 милиони евра приходи од работењето, што е за 6,2{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} повеќе во споредба со годината претходно, покажуваат податоците за вкупно 118 фирми од јавниот сектор анализирани во оваа база на податоци. Од нив, 66 работеле подобро од претходната година, односно ги зголемиле приходите, додека пак, 52 државни фирми ги намалиле приходите.

Во исто време, овие 118 државни фирми направиле расходи во вредност од 686,6 милиони евра што е намалување за 3,8{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} на годишно ниво.

Најголеми државни фирми кои должат

На врвот на ранг-листата на државни претпријатија според големината на приходите што ги оствариле во 2017 година веќе неколку години по ред е АД ЕЛЕМ со приходи од речиси 219 милиони евра, но во споредба со 2016 година тие се намалени за 3,4{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}.

Второ според висината на приходите е рангирано ЈП за државни патишта со инкасирани 146,3 милиони евра, што е за 41,6{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} повеќе отколку во 2016 година.

Ако се анализира подетално финансискиот извештај на ова претпријатие произлегува дека зголемувањето на вкупните приходи главно се должи на порастот на финансиските приходи за дури 78 пати за една година, на 41,2 милиони евра. Зголемувањето на финансиските приходи според објаснувањето од претпријатието доаѓа од позитивните курсни разлики остварени со кредитот земен во долари од кинеската Ексим банка за изградба на два автопати во земјава. Така што зголемените приходи се всушност само пресметковна операција.

На трето место е рангирано државното акционерско друштво МЕПСО со приходи од 89,9 милиoни евра, коишто за една година се зголемени за 7,1{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}.

На четврто место е Македонски шуми со приходи од 27,9 милиони евра, коишто на годишно ниво бележат пораст од 4,86{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}, а по него е Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) со приходи од 27,4 милиони евра, коишто на годишно ниво бележат пораст од 9{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} во споредба со 2016 година. 

Повеќе можете да прочитате тука.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: