Бесплатното здравственото лекување нема да се одрази на работењето - Bits of insurance

Бесплатното здравственото лекување нема да се одрази на работењето

Од почетокот на идната година болничкото лекување ќе биде целосно бесплатно, но тоа не значи дека клиниките и болниците ќе останат без средства. Од буџетот преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе се вложи дополнителен износ средства во сите клиники и болници. Во никој случај нема да се намали бројот на новите методи кои планираме да ги имплементираме.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали укинувањето на болничката партиципација за пациентите кое ќе стартува идната година, ќе се одрази на работењето на клиниките.

Посочи дека во здравствениот систем треба повеќе да се вложува и оти сакаат значително да го зголемат квалитетот на здравствените услуги.

– Секоја метода се анализира од стручните колегиуми. Постои т.н. систем на анализа на медицинските технологии со кој ние точно знаеме за инвестицијата што добиваме, рече Филипче по прес-конференцијата за пуштањето во употреба на Кабинетот за клиничка исхрана и за набавката на ендоскопски капсули на Клиниката за гастроентерохепатологија.(МИА)

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: