{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}title{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sep{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sitename{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}

Што смее да се изнесе и внесе во државата

Секој кој влегува во земјава има право да внесе до 10.000 евра во готовина без да ги пријави, додека секој што излегува треба да ја пријави сумата поголема од 2.000 евра при што приложува и потврда од овластена банка или менувачница, освен лицата кои се на транзит низ нашата држава.

Доколку има поголема сума од 10.000 евра при влез на граничен премин, истата треба задолжително да се пријави на царинските органи. Изнесување на странски пари над 10.000 евра и 120.000 денари е забрането доколку нема потврда.

Слободно да се изнесат странски пари во износ до 10.000 по лице можат нерезидентите во РМ. Доколку изнесуваат странски пари над 10.000 евра задолжително се приложува на увид писмената потврда во која е евидентиран износот при влез од страна на царинскиот орган.

Во насока на побрз проток на патниците на граничните премини е воведен зелен канал за оние кои немаат стока за пријавување што подлежи на увозни давачки. Доколку имаат нешто за пријавување се користи „црвениот канал“ на кој се пријавува се што носи патникот со себе и во т.н. скратена царинска постапка се царини стока чија вредност не надминува 800 евра во денарска противвредност.

Секој патник во Македонија покрај личниот багаж и лекови за лична употреба, слободно може да се внесат до 200 цигари (250 грама тутун), еден парфем од 50 мл или една тоалетна вода од 250 мл и литар алкохолен пијалак или два литра вино.

Малолетни лица под 18 години не може да внесат алкохол и преработки од тутун.

Граѓаните кои се враќаат во Македонија може да внесат слободно стока од некомерцијална природа во вредност до 350 евра, при што не се вклучуваат алкохолни пијалаци, преработка од тутун, парфеми и тоалетна вода.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: