Колку денови платен годишен одмор му следува на секој работник? - Bits of insurance

Колку денови платен годишен одмор му следува на секој работник?

Согласно Законот за работни односи, секој работник кој има непрекинат работен стаж од 6 месеци има право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена. На месечно ниво се добиваат по 2 дена платен одмор.

Според законот предвидено е годишниот одмор да се користи во два дела, првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се користи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година. Доколку не го искористите одморот работодавачот треба да ви ги наплати тие денови дополнително на платата во јули.

Треба да напоменеме дека во годишниот одмор не се пресметуваат: празниците, викендите (доколку од фирмата каде што сте вработени се неработни), отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Тие кои не се во редовен работен однос како на пример хонорарарците и другите нетипични видови на вработувања не се предвидени со Законот за работни односи, но обврска е на менаџментот кој ги користи услугите на оваа група е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени. Но сепак тоа останува во меѓусебен договор на засегнатите страни.

Законот предвидува прекршочка одговорност на сите работодавачи кои ќе ги прекршат одредбите недавајќи им одмор на своите работници.

За да користите годишен одмор треба однапред да поднесете барање за истото и тоа да биде утврдено со план за одмори и писменото барање да биде потпишано од работодавецот и од вас како вработен.