Романец по две години му докажал на судот дека е жив - Bits of insurance

Романец по две години му докажал на судот дека е жив

Романецот Константин Релиу успеал по две години да го убеди судот дека е жив , откако сопругата го прогласила за мртов.

Сопругата извадила дури и негов матичен лист на починати. Судот во Барлад , на североисток на Романија , пред две години го отфрлил барањето на 63 годишниот Релиу да му се поништи листот на починати , иако тој самиот дошол во судот.

Судот тогаш не објаснил зошто го одбил човекот , но тој решил да не се предава. Отишол во неговото родно место , каде го прифатиле неговото барање и го избришале од книгата на умрени.

Но , сепак Релиу не може да биде ,,целосно жив “ . Треба да чека еден месец до правосилноста на пресудата , а во тој период ако некој се посомнева , можер да поднесе жалба.

Релиу пред дваесетина години заминал во Турција за да работи како готвач. Кога се вратил во јануари во Романија , сфатил дека уште пред две години жена му го прогласила за мртов , бидејќи не се јавувал .

Бидејќи е прогалсен за мртов , не можел да добие здравствено осигурување , не можел легално да се вработи, а уште помалку да прима социјална помош .

Извор: mkdnews.com

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: