Патничко осигурување: Сигурен одмор без главоболки - Bits of insurance

Патничко осигурување: Сигурен одмор без главоболки

Праксата на Македонецот за заминување на годишни одмори драстично се промени изминативе години. Наместо да заминува на одмор во месеците со најголеми жештини, јули и август, сега Македонецот заминува во мај, јуни и септември. Придобивките од овој избор се големи, а се однесуваат на финансискиот дел зошто тогаш аранжманите се за половина цени поефтини. Топлото време, егзотичните плажи, синото море и ладовината под палмите претставуваат предизвици кои сите ги чекаат, особено најмладите.

Но, кои се задолжителни работи кои мора да ги поседувате пред да се упатите со фамилијата на одмор?

Проверка на автомобилот

На прво место што треба да се направи, да се провери осигурувањето на автомобилот и зелената карта за надвор од државата. Во случај да ги поседувате, проверете го датумот на важност. Понатаму, превозното средство однесете го на технички преглед, каде би биле детектирани евентуални одредени проблеми. Потребно е да се провери и маслото, средството за кочници и водата во ладилникот. Плус треба да се понесе и резерва од овие течности, каде би се складирале во задниот дел од автомобилот.

Детско седиште во автомобилот

Доколку патувате со помали дечиња задолжително треба да поставите и детско седиште на задниот дел. Оваа одредба е законска и важи во Македонија и надвор од Македонија. Покрај сите горенаведени работи, кои се од голема важност, никогаш не смее да се занемари вадењето патничко осигурување. Зошто е важно патничкото осигурување, особено кога се тргнува на годишен одмор со семејството?

Полиса за патничко осигурување

Многу пати се случувало, цела фамилија поради некоја повреда, болка или пак поради качена температура на член од семејството, да го прекинат одморот. Ова често се случува уште на самиот старт, по што целиот план и целата платена сума за одмор, ,,паѓаат во вода”. Полисата за патничко осигурување, како спореден елемент во одморот, всушност во некои случаи е и најважниот момент од одморот. Тоа на своја кожа го почувствувале и многу македонски семејства, кои летувале во соседството. Во соседна Грција, сите одморалишта имаат медицински служби кои работат со патничкото осигурување.

Патничкото осигурување се прави преку брокерите на осигурителните компании, а може и во туристичка агенција. Во случај на брзање и да немате време или пак ако заборавите да извадите, на границата со соседните земји може да се извади за кратко време. Македонските граѓани кои најчесто патуваат во соседна Грција, се одлучуваат да го купат основното осигурување, кое изнесува до 10 евра со траење за 30 денови, но со важност 365 денови. Ова осигурување се однесува и за останатите соседни земји. Патничкото осигурување, исто така може да се извади и за сигурност на багажот и автомобилот.

Но, сепак на крај, ако тргнувате на одмор,најважно од се: ИЗВАДЕТЕ СИ ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ДА ИМАТЕ МИРЕН ОДМОР.

Авторски псевдоним: Атанас Димовски