Insurtech – спој на осигурување и технологија - Bits of insurance

Insurtech – спој на осигурување и технологија

Што е “insurtech”?

Insuretech означува употреба на технолошки иновации насочени кон создавање на спој помеѓу штедењето и ефикасноста на сегашниот модел на осигурување. Insuretech е кованица создадена од зборовите осигурување ( insurance) и технологија, а инспирирана од терминот fintech. Insurtech компаниите се засновани на уверување дека осигурителната индустрија е плодно поле за иновации. Insurtech истражува области кои големите осигурителни компании не се осмелуваат. На пример персонализираните полиси, социјалното осигурување, и користење на интернет уреди за динамичко одредување на премиите врз основа на анализираното корисничкото однесување.Insurtech

Суштината на insurtech

Осигурувањето е стара индустрија. Негова тенденција е да ги става во поповолна положба оние со подлабоки џебови и поголемо искуство на пазарот. Долги актуарски табели се прават за купувачите на полиси да се назначат кон одредена категорија на ризик. Потоа групата се прилагодува за што повеќе луѓе да бидат заедно и така да се осигура профитабилноста на полисите. Овој приод секако доведува до тоа некои луѓе да плаќаат повеќе од тоа што требало, врз основа на првичните податоци. Помеѓу другото, insurtech се обидува да го реши овој проблем со анализа на податоците за осигурениците. Овие компании користат инпут од секакви уреди, од користење на GPS во автомобилите, сѐ до следење преку сензорни алки. Резултат на ова се подобро дефинирани групи на ризик, што дозволува полисите да имаат покомпетитивни цени.

Insurtech иновации

Покрај подобри модели за одредување на премиите, insurtech стартапите тестираат нови технологии. Ова вклучува користење на вештачка интелигенција која успешно се справува со задачите на брокерите, и наоѓање на соодветен микс од полиси за да се комплетира нечие индивидуално осигурување. Исто постои интерес за користење на апликации за пристап кон различни видови полиси преку една платформа. На овој начин се следат и менаџираат, како и се создаваат осигурувања за микро осигурителни настани, како што е на пример позајмување на туѓо возило.

Предизвиците пред кои се наоѓа insuretech

Иако многу од овие иновации сѐуште не се присутни на пазарот, постојат причини зошто некои одбиваат да ги прифатат. Осигурувањето е индустрија која подлежи на доста регулативи со многу слоеви на правни пречки за справување. Ова е поголем проблем отколку што изгледа, бидејќи многу insurtech стартапи зависат од стручноста на стандардните осигурителни друштва. Ова особено во делот на аквизиција и справување со катастрофални ризици.

Автор: Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: