Дали со текот на времето плаќате повеќе за осигурување на вашиот имот? - Bits of insurance

Дали со текот на времето плаќате повеќе за осигурување на вашиот имот?

Додека возењето на автомобил без осигурителна полиса е нелегално, поседувањето на куќа или било која недвижнина без осигурување е сосема легално.

Се разбира дека голем дел од оние кои сакаат да бидат сигурни и за своите домови посегнуваат по нивно осигурување. Тоа значи дека на некој начин се заштитуваме од незреќи кои што може да се случат. Без разлика дали е природна непогода или некоја друга ситуација во која може да се најде секој од нас.

Дали вреди да го осигурате својот имот?

Се разбира дека да! Како што веќе знаете секојдневно се поголеми и поголеми природни катастрофи се случуваат низ светот. Земете ги за пример САД, Источниот брег трпи големи штети од се тоа. Можеби во Македонија нема несреќи кои се до толку катастрофални, но и сами сме свесни за поплавите кои ги имаше и кои може да се повторат. Покрај природните непогоди, сепак може да се случат и уште илјадници работи за кои ни сами не сме свесни дека би направиле штета.

Старите корисници плаќаат повеќе од новите?

Овој податок е точен, но се тоа зависи од како вие ја обновувате вашата полиса. На пример во Обединетото Кралство во рок од 5 години разлика се случува они кои се постари корисници на осигурувањето на домот да плаќаат дури 70{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} повеќе од оние кои штотуку склучиле договор. Зошто е тоа така? Најчесто бидејќи полисите се менуваат. Интересите на клиентите се менуваат како и интересите на самите компании. Осигурителните компании ве заштитуваат на оној начин на кој што и ќе склучите договор. Иако двете страни постари и поновите можеби имаат исти бенефиции.

Што значи дека доколку имате шанса следете ги новите полиси кои што излегуваат од осигурителните компании и доколку договорот не ви трае долго, а имате подобри бенефиции од тоа обновете го.

Марија Настова