Подигнување на свеста за безбедно однесување во сообраќајот и донација за граѓаните на Скопје - Bits of insurance

Подигнување на свеста за безбедно однесување во сообраќајот и донација за граѓаните на Скопје

Sava

Како дел од активностите со кои треба да се подигнува свеста за безбедност во сообраќајот на Град Скопје му дониравме пет дигитални мерачи на брзина.

logo-mk-mk

Дигиталните мерачи на брзина се инструменти кои треба да одиграат превентивна улога во сообраќајот со тоа што ќе сигнализираат со која брзина се движи секој учесник со моторно возило, делувајќи како потсетник истата да ја прилагоди. Мерачите се поставени на локации во близина на пет средни училишта каде е утврдена голема фреквенција на возила, а со тоа и потреба од заштита на пешаците преку поставување дополнителна сигнализација освен постоечката. На овој начин, покриени се неколку зони од градот, и тоа кај: СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СУГС „Марија Кири Склодовска“, СГГУГС „Здравко Цветковски“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Донацијата ја предаваме токму на денот кога се одбележува Европскиот ден без жртви во сообраќајот на кој, за жал, претходеа многу несреќи. Се надеваме дека оваа иницијатива ќе поттикне и други во насока на побезбедно однесување и подобрување на сообраќајната култура.

Ние во Сава осигурување секако ќе ги продолжиме ангажирањата во општествено одговорни проекти и ќе ја покажуваме на дело нашата посветеност да го унапредуваме квалитетот на живеење во сопствената работна и животна средина.