Виртуелен асистент кој зборува и продава полиси - Bits of insurance

Виртуелен асистент кој зборува и продава полиси

Eduardo Iglesias, CEO и со-основач на eColón, ќе зборува на Insurtech Connect 2018 за да го претстави новиот виртуелен асистент. Тој е прв од ваков тип за сите земји во кој се зборува Шпански јазик. Julieta Bot е првиот гласовен виртуелен асистент кој ќе ги води корисниците низ процесот на купување и плаќање на полиси.

asistent

На овој начин eColón го продлабочува својот мулти-платформен концепт, овозможувајќи пристап на корисниците преку различни платформи. Тие се на пример Facebook Messenger, Google Assistant, Web Chat и Google Home. Корисниците сега ќе можат текстуално преку Facebook Messenger да купат полиса, преку користење на гео-локализација оптичко препознавање на карактери (OCR). Сето ова ќе може да се направи преку мобилен телефон и тоа за помалку од 60 секунди.

Ако корисниците сакаат вербално да комуницираат, можат да го направат тоа од својот мобилен и да зборуваат со Julieta Bot. Преку eColón webchat сервисот со сопствен говор можат да побараат корисничка поддршка или пак да им се издаде полиса.

Со гласовните барања за прв пат е воведена опција за контактирање на виртуелниот асистент преку Google Assistant и Google Home. Сите овие платформи го делат моторот на вештачката интелигенција за Machine Learning со Natural Language Processing од DialogFlow на Google.

Victor Valle, директор на Google Marketing Solutions за хиспано-американските земји даде свој коментар. „Google Assistant ја содржи целата технологија и интелигенција на која работевме 20 години, од пребарување до јазично процесирање. Ова е направено со цел да им овозможиме на луѓето природна интеракција со компаниите за поедноставно завршување на секојдневните обврски. Eduardo Iglesias додаде: „Соработката со Google беше многу значајна за развојот на технологијата на eColón и развојот на Juliet Bot. Тоа е еден од најнапредните виртуелни асистенти во осигурителната индустрија“.

Аргентинската eColón  доби награда од пет ѕвезди за Отворена Иновација која ја дава Celent. По објавувањето на ова eColón е на пат да стане водечки технолошки иноватор во регионот на Јужна Америка.

Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: