Животното осигурување како дополнителен пензионерски приход - Bits of insurance

Животното осигурување како дополнителен пензионерски приход

Животното осигурување е основна алатка за менаџирање со ризик од финансиски аспект. Негова примарна функција е замена на приходите остварени за време на работниот век. Многупати, животното осигурување служи да се обезбеди финансиска сигурност за членови од семејството во случај на прерана смрт. Бидејќи изгледите за настапување на смрт за време на работниот век се релативно помали, осигурувањето добро одговара за вакви ситуации.penzionerski

Вообичаено луѓето купуваат орочено, но исто така и трајно животно осигурување. Трајното животно осигурување е поинакво затоа што нуди потенцијал за инвестирање во дополнителни средства како дел од покриеноста на осигурувањето. Затоа што ваквите полиси обично траат цел живот, тие може да се искористат како финансиска поддршка во подоцнежните, пензионерски денови. Вообичаени начини да се искористи животното осигурување како дополнителен приход покрај пензијата се следниве:

1. Пензионерски приход

Ова е еден од начините е да се замени постоечката полиса со ануитет кој ќе овозможи долгорочен приход. Ова најчесто кога на осигуреникот не му е потребно повеќе исплата на износ во случај на смрт. Наместо тоа тој може да одбере да добива месечен приход. Како второ, полисата може да се замени за нејзината вредност, или да се продаде на секундарниот пазар на осигурителни полиси.

2. Вонпазарна парична вредност

Ова исто може да се искористи како поддршка на побезбедно пензионирање. Паричната вредност на полисата може да се подигне без плаќање на данок во времето на подигнување на средствата. Ова им овозможува на пензионерите да имаат пристап до неоданочени парични средства.

3. Стратегија за максимизирање на пензијата

Животното осигурување исто може да се искористи да ја надомести загубата на правото на пензија. Ова се однесува и на ануитети, како и на плаќањето на социјален придонес по смртта на еден од сопружниците. Животното осигурување се купува за да овозможи средства за плаќање на пензиските придонеси и други обврски на надживеаниот сопружник. Ова се нарекува стратегија за максимизирање на пензијата, бидејќи животното осигурување го заштитува правото на семејна пензија на надживеаниот сопружник.

4. Поддршка на достапноста на нега и помош од трето лице

Во случајов животното осигурување е користено за планирање на долгорочни трошоци во врска со нега и помош од трето лице. Често полисите за животно осигурување можат да послужат за исплата на носителот на осигурувањето пред да настапи смртта на осигуреникот. Кога на некој му е потребна нега и помош од трето лице, сумата од осигурувањето може предвремено да се исплати.

Гоце Илиевски