Ваучер систем: Дел од новите мерки за развој на макeдонскиот спорт - Bits of insurance

Ваучер систем: Дел од новите мерки за развој на макeдонскиот спорт

Минатите години инвестирањето во спортот, а посебно во спортската инфраструктура беше една од главните стратешки определби на Владата на ка Македонија. Вложувањето во спортот секогаш треба да се гледа од три аспекти. Првиот аспект е вложувањето во подобрување на постојната и во изградба на нова спортска инфраструктура. Вториот столб е едукацијата на стручните тренери односно кадрите во спортот. и третиот, последен столб е масовноста. Во последните 12 години инвестирани се околу 100 милиони евра. И тоа за реконструкција на постоечката и за изградба на нова спортска инфраструктура. Тоа се фудбалската арена „Филип Втори“, СЦ „Борис Трајковски“, 85 тениски терени, 64 повеќенаменски игралиште, 50 фудбалски игралишта, фитнес зони и други капитални инвестиции.sport pari

По инвестирањето во спортската инфраструктура, дојде време и за спроведување на нови мерки за развој на спортот. Тоа подразбира мерки кои ќе обезбедат значајна поддршка за федерациите, спортските клубови, како и за спортските поединци. Односно преку даночни олеснувања од страна на компаниите кои ќе се искористат за поддршка на спортот. Тоа ќе биде додадатна инекција за спортските федерации или спортските клубови.

Токму стратешката цел за развој на спортот на Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Зоран Заев е обезбедување услови за развој на спортот преку додатни средства. Со тоа ќе се придонесе за гарантирана самостојност и развој на македонскиот спорт.

 

Систем на ваучери за спортските федерации и клубови

Системот на финансирање ќе функционира на база на ваучерски систем. Со тоа ќе бидат обезбедени нови 6 милиони евра во македонскиот спорт кои ќе растат во иднина.Тоа ќе значи дополнителен инпут покрај постоечката финансиска поддршка што Агенцијата за млади и спорт ја на федерациите. Со овој ваучерски систем, делот од данокот на добивка, ќе бидат ставен на располагање на спортските субјекти, за сите спортски клубови и федерации. Тоа ќе значи подигнување на нивото за развој на квалитет и зголемување на финансиската моќ на спортските клубови.Односно секој правен субјект, отсега, ќе добие можност до 50% од пресметаниот данок на добивка да го инвестира директно во спортот. Секој клуб, федерација или спортист ќе има во рака ваучер којшто значи платен данок за компанија. Сите субјекти ќе имаат еднаква шанса за примање на финансиски средства без фаворизирање.

Со овој принцип ќе се овозможи секој спортски субјект да стане атрактивен и посакуван партнер за успешните стопански субјекти. Со тоа, компаниите, кои покрај сопствената промоција и општествено одговорна работа ќе добијат и конкретна финансиска мотивација за вложување во спортот.

Процедури и критериуми за користење на оваа мерка

Процедурите се едноставни, без било какви комплицирани административни постапки, без дополнително оданочување и проблеми за компаниите коишто ќе помагаат. Финансиските поволности ќе се добиваат преку пренасочување на дел од данокот на добивка од компаниите.Тоа значи дека компаниите, дел од својата обврска за данокот на добивка наместо да ја платат на државата, ќе имаат можност да ја вложат во спортски клуб или спортист. Целиот систем ќе биде спроведуван и контролиран од стручно тело кое ќе се формира во рамките на АМС. Со ова се отвора едно цело ново поглавје во развојот на спортот. Односно  ќе се овозможи поголем простор и повеќе средства, за нови спортисти и спортски клубови, како и за развој на постоечките.

Атанас Димовски