Нова Cryptopunk игра каде што играчите добиваат вистински награди - Bits of insurance

Нова Cryptopunk игра каде што играчите добиваат вистински награди

Новата мобилна “мулти-блокчејн” игра, која поддржува цела палета на различни криптовалути, е подготвена да биде лансирана кон крајот на ноември 2018-та година. Естонскиот девелопер на игри Етер Дејл, ја создаде Glitch Goons, играч против играч (PvP) играта во која корисниците можат да купат специјални ајтеми за време на нивната препродажба за да ги прилагодат и надградат своите карактери во играта.740_aHR0cHM6Ly9zMy5jb2ludGVsZWdyYXBoLmNvbS9zdG9yYWdlL3VwbG9hZHMvdmlldy8zNWY4MDZlNGI2MmViY2ZhMWVjZmM5YWMyMGZjMGIwYy5qcGc

Карактеристики на играта

Етер Дејл го опишува универзумот на Glitch Goons како футуристички пост-апокалиптичен свет каде што кибернетичните животни хуманоиди се борат едни со други. Исто така постои и напреден систем за управување со карактерите кој им овозможува на играчите да ги модификуваат и надградуваат нивните борци со посебни статистики и способности.

Играчите исто така можат да земат учество во турнирите и да добијат вистински награди. Компанијата вели дека наградниот фонд ќе биде земен од приходите добиени за време на препродажбата, што исто така им дава на играчите шанса да добијат предности во играта пред да започне. Предпродажбата започнува на 22 октомври 2018-та година, а во наредните три недели, идни играчи можат да купат два типа на пакети: ексклузивни ајтеми, и токени на GameCoin (GC). GC токените се вреднуваат на следниов начин: 1 GC = $ 1 ≈ 0.005 ETH.

Секој пакет содржи пет рандом уникатни ајтеми, како оклоп, оружје, модификации, ѓердани, чизми, ракавици и шлемови. Постојат четири различни нивоа на реткост за тие парчиња: тие можат да бидат чести, ретки, епик или легендарни. Компанијата вели дека предметите нема да се повторуваат или повторно да се продаваат во in-game shop-от. Пакетите се достапни со попуст од 50 до 90 проценти и чинат од 0,5 до 10 ЕТH.

GC е ERC-20 базиран токен издаден од девелоперот на играта. Овие монети ќе се користат како stablecoin во Glitch Goons. Во моментов, корисниците имаат можност да купат гејмерски пакет, кој содржи 4000 GC или пакет за инвеститори, кој содржи 1 милион GC. Има вкупно 50 пакети за продажба кои се издадени од девелоперот.

Првиот обид

Етер Дејл првично го привлече вниманието кон себе поради својот прв производ, блокчејн fantasy RPG играта Ether Quest, која содржи сопствени колекционерски воини. Тоа беше првиот обид на компанијата да воведе блокчејн технологија како корисна финансиска алатка. Smart contract технологијата се користеше за да се гарантира сопственоста на уникатните карактери кои играчите можат да ги соберат, продадат или тргуваат. Покрај купувањето, корисниците можат да добијат и карактер со фармање, наречен како “summoning ritual” во играта. За првите шест месеци по објавувањето на играта во февруари 2018-та година, имаше над 20.000 трансакции меѓу повеќе од 1.500 играчи.

Карактеристиките што се вообичаени за двете игри на Етер Дејл се опсегот на реткост. Ether Quest содржи нивоа, кои се движат од чести до легендарни, кои имаат своја единствена статистика и бонуси. Втората работа што треба да се има на ум е профитот од вистински пари, кој играчите можат да го добијат во битките или турнирите во арена. Етер Дејл, исто така, разви мобилна верзија на Ether Quest, која беше издадена во јуни 2018-та година.

Извор: cryptohood.mk

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: